Наставникот како главна нишка во забавување на процесот на заборавање кај учениците

Kuzmanovska, Dragana and Petkovska, Biljana and Kirova, Snezana (2014) Наставникот како главна нишка во забавување на процесот на заборавање кај учениците. In: Современото воспитание и образование-состојби, предизвици и перспективи, 14 May 2014, Stip, Macedonia.

[thumbnail of Современото воспитание и образование.pdf]
Preview
Text
Современото воспитание и образование.pdf

Download (809kB) | Preview
[thumbnail of НАСТАВНИКОТ КАКО ГЛАВНА НИШКА ВО ЗАБАВУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ЗАБОРАВАЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ.pdf]
Preview
Text
НАСТАВНИКОТ КАКО ГЛАВНА НИШКА ВО ЗАБАВУВАЊЕ НА ПРОЦЕСОТ НА ЗАБОРАВАЊЕ КАЈ УЧЕНИЦИТЕ.pdf

Download (286kB) | Preview

Abstract

Човекот учи додека е жив. Учењето е најзначајна активност со која се занимава човекот целиот свој живот. Од раното детство сè до староста се учат навики, интереси, ставови, системи на вредности, предрасуди, црти на личноста, мотиви, се учи како да сe учи, како да се помни и како да се мисли. Практично сè што не е вродено кај човекот е научено.
Учењето се дефинира како релативно трајна промена на индивидуата, која се манифестира во нејзиното однесување, а која настанала врз основа на претходната активност на индивидуата. Но овие промени се релативно трајни во неговото однесување, бидејќи постои процес на заборавање. Значи учењето се спроведува преку процесот на помнење и процесот на заборавање.
Ние, наставниците имаме голема улога во процесот на учење т.е. во процесот на помнење и заборавање кај учениците. Затоа секој современ наставник би требало да го поттикне процесот на помнење, а воедно и да го забави процесот на заборавање кај ученикот. Успешноста на еден современ наставник би можела да се одреди и со процентот на успешноста при забавување во процесот на заборавање кај учениците.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: учење, активирање, мотивирање, потиснување, инхибиција
Subjects: Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Snezana Kirova
Date Deposited: 18 Jun 2014 11:25
Last Modified: 18 Jun 2014 11:25
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10102

Actions (login required)

View Item View Item