Теорија на поезијата

Mladenoski, Ranko (2014) Теорија на поезијата. ISBN 978-608-244-018-7.

Full text not available from this repository.

Abstract

Рецензираната скрипта со наслов „Теорија на поезијата“ содржи три дела: а) Прв дел: Вовед во предметот; б) Втор дел: Структурни аспекти на поезијата; в) Трет дел: Прилози. Во првиот дел се даваат основните дефиниции за термините „поезија“ и „поетика“ како и местото на поезијата во литературата воопшто. Овде особено се осврнуваме на лириката како литературен род во кој се доминантни поетските книжевни форми. Исто така, во првиот дел се нуди и еден краток преглед на појавата и на историскиот развој на поезијата од најстарите цивилизации до денес. Во вториот дел од овој труд се презентираат конкретно структурните особености на поезијата, како и начините за интерпретација на конкретни поетски текстови. Особено внимание овде се обрнува на стилските фигури (метаболите) како и на структурните нивоа, односно на нивоата на анализа на поезијата. Во третиот дел се прилозите каде што доминираат интерпретативни (аналитички) текстови за неколку поетски книжевни дела. Целта на овој дел од скриптата е студентите да се запознаат со конкретни аналитички приоди за конкретни поетски творби. Покрај тоа, на крајот од овој труд е понуден и Речник на термини каде што се нудат дефиниции на поголем број лексикографски единици што се тесно поврзани со книжевно-теориската анализа и интерпретација на поетските литературни форми.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 12 Jun 2014 14:18
Last Modified: 09 Apr 2015 13:22
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/10086

Actions (login required)

View Item View Item