Теренско истражување во селата Бегниште и Ресава

Janevski, Vladimir (2014) Теренско истражување во селата Бегниште и Ресава. [Image] (Unpublished)

[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (1).jpg

Download (78Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (2).jpg

Download (82Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (3).jpg

Download (93Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (4).jpg

Download (80Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (5).jpg

Download (82Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (6).jpg

Download (92Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (7).jpg

Download (90Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (8).jpg

Download (67Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (9).jpg

Download (95Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Dzolomari BEGNISTE (10).jpg

Download (59Kb) | Preview

Abstract

Студентите на Катедрата за етнокореологија, при Факлутетот за музичка уметност - Универзитет „Гоце Делчев“ од Штип, годинава традиционално по 10-ти пат го реализираа своето теренско истражување во етничкиот предел Тиквешија, поточно во селата Ресава и Бегниште. Во рамките на теренското истражување учествуваа 40 студенти, кои го истражуваа зимскиот циклус на машки обредни игри под маски, познати во локалната терминологија под поимот Џомалари. Споменатите обреди под маски, задржани во формата како во минатото, се карактеристични за целиот етнички предел Тиквешија, но како најрепрезентативни и најархаични, односно со единствен традиционален контекст се оние од селата Бегниште и Ресава. Да напоменеме дека и во останатите етнички предели од државата се сретнуваат овие машки обредни игри под маски под поимите: Василичари, Мечкари, Ешкари, Бабари, Бамбурци, Суровари и сл., но со текот на времето тие добиле современа состојба или карневалски контекст. Изведувани во т.н. некрстени денови од 7 до 19 јануари, се прилики каде владее слободоумие во машкиот свет. Во архаичната форма на Џомаларите од Ресава и Бегниште застапени се улогите на Дедо, Баба, Невестa и Џомалари, а се изведуваат ноќта на 13 наспроти 14 јануари. Тие претставуваат нагласени обреди од предхристијанскиот период, каде главен мотив е бркањето на лошите демонски сили, а присуството на палење огнови во суштина го претставува стравот од гасењето на сонцето, а со тоа и на самиот живот. Џоломарите ги црнат лицата и рацете со пепел, брадите и мустаќите им се од природна волна, ќулафките од козина во темни бои. Околу половината врзуваат широки кожни ремени со десетина и повеќе ѕвонци, клопотарци. Во групата има невеста облечена целосно во бело, тие се симбол на новата млада и плодна година. Дел од групата е и бабата, која е облечена во црно со црн превез преку лицето, симбол на годината која се испраќа. Во обредот не учествуваат жените, туку целото дејствие е сведено на улогата на мажите. И така рано, кога уште не осамнал денот се слуша силна врева од клопотарци. На сред село се собрани џоломарите, играат, викаат и ги вметнуваат минувачите внесувајки ги во својот магичен круг. Група од неколку џоломари заедно со невестата во утрината почнуваат да коледарат, водејќи го со нив накитеното магаре. Тропаат со ѕвонците, играат оро во дворот на домакинот, а домакинката ги дарува, и така редум од куќа на куќа се додека не го поминат целото село. Студентите во раните утрински часови, имаа прилика да го следат подготвувањето на Џомаларите кое е навистина егзотично. Маските се од животинско потекло, но видливо е и присуството на антропоморфните. Тие се стари повеќе од еден век и фамилијарно се наследуваат. Несомнено забележителен е фактот дека учество кон овие обредни игри земаат и помладите, кои се маскираат на истиот начин. Целиот теренски материјал архивиран од студентите ќе послужи за детални анализи кон научниот поглед на овој феномен, изработка на дипломски трудови и сл. Да напоменеме дека од теренските снимки, студентите ќе изработат фимови, кои понатаму ќе бидат номинирани и наградени од самите студенти како и соодветна комисија, а ке добијат и посебни признанија од Здружението на етнокореолози на Македонија. Овој начин на контактирање со живата традиција претставува вистинско доживување не само за добрите познавачи на традицијата и обичаите од овој дел на Македонија туку и за сите студенти, кои ја имаа ретката можност да учествуваат во ова теренско истражување.

Item Type: Image
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Vladimir Janevski
Date Deposited: 20 Mar 2014 09:48
Last Modified: 20 Mar 2014 09:48
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9505

Actions (login required)

View Item View Item