Житни растенија - рецензирана скрипта

Ilievski, Mite (2014) Житни растенија - рецензирана скрипта. ISBN 978-608-244-002-6.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/ugd/index.php?id=259

Abstract

Предметот Житни растенија е дел од научната дисциплина Специјално поледелство која ги проучува теоретските основи и ја разработува производната технологија во растителното производство на култивираните житни растенија за добивање на високи, стабилни, рентабилни и квалитетни производи. Издвојувањето на овој предмет, пред сѐ, е од педагошка гледна точка. Во оваа наставна дисциплина се вклучени сите житни растенија кои имаат исклучителна намена за исхрана на човекот и домашните животни. Од над 100 најразлични нивски растенија, кои се од особен интерес за растителното производство, во овој ракопис се опфатени 11 растенија од групата на зрнесто-скробните култури или уште познати како жита и тоа: 1. Пченица – Triticum sp. L., 2. Јачмен – Hordeum sativum L., 3. ‘Рж – Secale cereale L., 4. Овес – Avena sp. L., 5. Тритикале – Triticosecale sp., 6. Ориз – Oryza sativa L., 7. Пченка – Zea mays L., 8. Сирак – Andropogon sorghum L., 9. Просо – Panicum sp. L., 10. Канарска трева – Phalaris canariensis L. и 11. Елда – Fagopyrum esculentum L. Оваа наставна дисциплина ги поврзува сите сознанија од областа на морфологијата, биологијата и агротехниката на житните растенија, но и сознанијата од другите сродни науки.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Mite Ilievski
Date Deposited: 19 Mar 2014 10:14
Last Modified: 07 Apr 2015 13:36
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/9498

Actions (login required)

View Item View Item