Потреба и ефекти од трансферот на обуките во образованието

Serafimova, Mimoza (2013) Потреба и ефекти од трансферот на обуките во образованието. „2-ри Август“ Штип. ISBN 978-608-4662-16-7

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_mimoza.serafimova_Desktop_Potreba i efekti od transferot na obikite vo obrazovanieto.pdf

Download (567Kb) | Preview

Abstract

Мотивот за да се актуелизира наведениот проблем за евалвацијата на трансферот на обуките беше поттикнат од повеќе причини: Брзите и радикални промени кои се рефлектираат во сите домени на нашето општествено дејствување и опстојување. Овој период, кој се именува како период на транзиција, во Р. Македонија се карактеризира како време на сеопфатни и бурни промени, кои не одминуваат ни еден аспект на развој како во приватните, така и во административните институции, како основен, структурен елемент на општественото живеење. Предизвиците што ги наметнува окружувањето, новите вредности и верувања и нивните брзи промени, како и неопходноста за осовременување на едукативниот процес што треба преку имплементирање на квалитетни проекти да биде квалитативно подобрен. Потребата од иновации кои се имплементирале и се имплементираат и до сега, и кои во многу нешта се разликуваат од традиционалната настава носејќи новини како во содржините, така во начинот на работата на вработените, а никој до сега не го проверува ниту мери нивното реално применување и ефектот на применетото. Промените и воведувањето на најразлични проекти ќе ни ги дадат посакуваните и предвидените резултати само ако се планирани, применливи и реализирани според однапред поставени критериуми. Секој поединец не е во состојба да ги направи нештата подобри како индивидуа, затоа се повеке се нам,етнува потребата од нивно организирано спроведување и следење. Моето лично сознание како обучуван и обучувач е дека многу квалитетни проекти пропаднале поради незаинтересираност на менаџерите за понатамошно следење на нивната применливост на работното место. Отпорот кон новото и непознатото, кој сеуште е присутен во свеста кај повеќето од нас, а кој може да се надмине со организирање квалитетни обуки и организирано следење на нивната имплементација во работата.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Mimoza Serafimova
Date Deposited: 16 Jan 2014 13:24
Last Modified: 16 Jan 2014 13:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8642

Actions (login required)

View Item View Item