Музички работилници за „Модели на импровизација за почетната настава по пијано во Р. Македонија“

Skarik, Milica (2013) Музички работилници за „Модели на импровизација за почетната настава по пијано во Р. Македонија“. In: Музички работилници за „Модели на импровизација за почетната настава по пијано во Р. Македонија“, 18 Apr - 3 July 2013, Државни музички училишта во Штип, Кочани, Тетово, Велес, Битола, Скопје.

[img]
Preview
Image
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_milica.skarik_Documents_My Pictures_poster muzicki rabotilnici za improvizacija 2013.jpg

Download (1630Kb) | Preview
[img] Text
Модел на импровизација за наставата по пијано за второ одделение.doc

Download (8Mb)

Abstract

Музичките работилници „Модели на импровизација за почетната настава по пијано во Р. Македонија“ се одржаа со цел да ги обучат наставниците по пијано како да ја применуваат импровизацијата во наставата по пијано за второ одделение во музичките училишта во Македонија. Со изготвување на новите наставни програми по пијано за деветгодишно музичко образование, импровизацијата стана составен дел од наставната содржина. За задолжително вклучување на импровизацијата во образованието по пијано, значајна улога имаше експерименталното истражување направено во докторатот на проф. Милица Шкариќ кое ги покажа позитивните влијанија на импровизацијата врз развивањето на разни музички вештини. Во ова истражување Шкариќ создаде модел на импровизација кој може успешно да се примени во наставата по пијано за второ одделение од основното музичко образование. Моделот за импровизација вклучува сознанија од релевантни познавачи на импровизацијата од Германија, САД и Русија. Дел од сознанијата се авторски и нив Шкариќ за прв пат ги изложи на две конференции во градовите Ен Арбор и Сиетел во САД. Работилниците се одржаа во државните музички училишта во Штип, Кочани, Битола, Тетово, Велес и Скопје во периодот од април до јули 2013 година со поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија. На барање на наставниците по пијано во музичкото училиште „Ристо Јуруков“ во Кочани, се одржаа уште две други работилници на тема „Наставните програми по пијано од второ до шесто одделение од деветгодишното основно образование по пијано“.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Milica Skarik
Date Deposited: 13 Dec 2013 20:57
Last Modified: 13 Dec 2013 20:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8354

Actions (login required)

View Item View Item