Економските и политичките промени во Штип и штипско низ архивската документација, 1944-1946 година

Filov, Kire (2008) Економските и политичките промени во Штип и штипско низ архивската документација, 1944-1946 година. Masters thesis, Универзитет „Св Кирил и Методи“ - Скопје.

[img]
Preview
Text
магистерска.pdf

Download (276Kb) | Preview

Abstract

Непосреден предмет на истражување во магистерскиот труд концепиран како: “Политичките и економските промени во Штип и Штипско низ архивската документација 1944-1946 година” претставуваат архивските документи, мемоарски материјали, интервјуа и други историски извори кои се од значење за најновата историја на македонскиот народ и Македонија, кога Македонија се ослободува, конституира и изградува како национална и федерална во југословенската федерација. За таа цел се истражени повеќе архивски фондови што се чуваат во Државниот архив на Република Македонија како: НОВ; АСНОМ и Собрание на Македонија; Влада на НРМ, на локалните власти (народноослободителни и народни одбори) во Штип и Штипско и фондови на организациите на КПМ, кои настанале во периодот 1943-1946 година. Исто така се истражени документи мемоари и литература кои се однесуваат на животот и дејноста на истакнати личности родум од Штип: Михајло Апостолски, Ема-нуел Чучков, Киро Глигоров, Љупчо Арсов и други. За таа цел беше извршено интервјуирање на првииот претседател на Република Македонија, Киро Глигоров. Со оглед дека во македонската архивистика, досега има малку научни трудови пос-ветени на прашањето за обработката на документите, во овој труд ги опфативме прашањата за проучување на историскиот развој и генезата на опишувањето и обработката на документите; видовите и особеностите на евиденции и научно-информативни средства што се изработуваат кај имателите во Р Македонија и во Државниот архив на Р Македонија (инвентари, регести, водичи и др.). Предмет на истражување е проучувањето на развојот на современата методологија во обработката на архивските документи во ДАРМ и во светот, со нагласка на најновите тенденции сврзани со модерните технологии и обработката на електрон-ска архивска граѓа. Елаборирани се не само научно-информативните средства кои се применуваат во ДАРМ туку и во оние земји кои предничат на овој план. Одделно внимание посветивме на меѓународните архивистички норми и стандарди за опис на архивската граѓа и за Records Management-от (ИСАД (Г), ИСААР, ИСО 15489, МоРељ и други). Се задржавме на прашањето за примената на овие стандарди во работата на имателите на архивска граѓа во Република Македонија и во Државниот архив. Притоа нудиме модели за обработка на одделни видови научно-информативни средства со примери поврзани со документите за современата историја на Македонија во кои зеле учество или се поврзани со истакнати личнисти родум од Штип.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Kire Filov
Date Deposited: 29 Nov 2013 14:10
Last Modified: 29 Nov 2013 14:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/8222

Actions (login required)

View Item View Item