Основен проект за конзерваторско-реставраторски работи на објект Северозападен одбранбен ѕид од фортификацијата на градот Стоби

Nacev, Trajce (2012) Основен проект за конзерваторско-реставраторски работи на објект Северозападен одбранбен ѕид од фортификацијата на градот Стоби. [Project] (In Press)

This is the latest version of this item.

[img] Text
Бедем-Стоби.doc

Download (75Kb)

Abstract

2. Конзерваторско - реставраторски работи Куртини По завршувањето со конзерваторското археолошко истражување, треба да се затворат сите нови и стари поставени сонди покрај надворешното лице на одбранбениот ѕид, освен на оние позиции каде ке се констатира оштетување на субструкцијата. Доколку се констатира оштетување на субструкцијата, истото да се конзервира и да се затвори сондата. Отстранување на фасадните платна отклонети и одвоени од јадрото на одбранбениот ѕид по целата негова должина и припрема за надѕидување. Отстранување на дерутираните површини од јадрото на куртината и припрема за надѕидување. Отстранување на дерутираните површини од круната на куртините на одбранбениот ѕид. Селектирање и складирање на каменот за негова повторна употреба. По создадените услови, ке се изврши конзерваторско реставраторски работи и минимална реконструкција, во техника opus incertum со скоро нагласени хоризонатални редови, користејки делкан песочник и продолжен малтер, притоа спазувајќи го опусот на стариот мајстор. Исто така задолжително во текот на конзерваторско реставраторските работи да се води сметка да бидат издвоени градежните фази, кои се видливи во куртина В. Кули Затварање на старите и новите сонди покрај надворешните лица на ѕидовите на кулите, освен на оние позиции каде ке се констатира оштетување на субструкцијата. Доколку се појави таква состојба, тогаш треба исто како кај куртините да се изведе прво конзервација на оштетената позиција а после тоа да се затвори сондата. Отстранување на фасадните платна отклонети и одвоени од јадрото на ѕидовите на кулите и нивна припрема за конзервација. Отстранување на дерутираните површини од јадрото на ѕидовите на кулата и припрема за надѕидување. Отстранување на дерутираните површини од круната на ѕидовите на кулата. Селектирање и складирање на каменот за негова повторна употреба. По создадените услови, ке се изврши конзерваторско реставраторски работи и минимална реконструкција, во техника opus incertum со скоро нагласени хоризонатални редови, користејки делкан песочник и продолжен малтер, притоа спазувајќи го опусот на стариот мајстор. Затварање на фугите Затворање на фугите да се изведе со продолжен малтер со додаток на оксидна боја, за да се добие приближно бојата на стариот малтер. Притоа треба да се води сметка пред се за круната на ѕидовите каде средишниот дел треба да биде незабележливо повисок од ивиците, за да може атмосферската вода да не се задржува во централниот дел на круната на ѕидовите кај куртините и кај кулите. Целта на конзерваторско-реставраторските работи е со максимална кон¬зер¬вација и минимална реконструкција на објектот Храм да биде доведен во функција на презентација пред научната и пошироката културна јавност.

Item Type: Project
Subjects: Humanities > History and archaeology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Nacev
Date Deposited: 29 Oct 2013 08:57
Last Modified: 29 Oct 2013 08:57
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/7639

Available Versions of this Item

  • Основен проект за конзерваторско-реставраторски работи на објект Северозападен одбранбен ѕид од фортификацијата на градот Стоби. (deposited 29 Oct 2013 08:57) [Currently Displayed]

Actions (login required)

View Item View Item