Развојна психопатологија: Концепти и нови предизивици

Miloseva, Lence (2012) Развојна психопатологија: Концепти и нови предизивици. Педагошка ревија (2). ISSN 1857-7105

[img]
Preview
Text
Razvojna psihopatologija Miloseva -.pdf

Download (368Kb) | Preview
Official URL: http://trove.nla.gov.au/work/161748492?versionId=1...

Abstract

Овој прегледен труд ги разјаснува принципите, концептите кои го дефинираат и определуваат полето на развојната психопатологија, напредокот и идните насоки на развој на оваа нова научна дисциплина. Во првиот дел ги опишавме принципите од кои тргнува развојната психопатологија. Потоа, ја истраживме значајноста и потеклото на развојната психопатологија. Ги разјаснивме и објаснивме нејзините дефинирачки параметри како дисциплина и ги продискутиравме проблемите на истражување кои се фундаментални во рамки на истражувањата во развојната психопатологија. Во последниот дел од трудот опишавме некои важни идни насоки за развојната психопатологија. На повидок е нов период на развој за развојната психопатологија со нови предизвикувачки истражувања од развојот на мозокот и неговата пластичност, интеракциите помеѓу гените и средината, резилиентност и ревитализација, динамика на мулти ниовоа, интердисциплинарни истражувања и методологија за оценување и анализирање на промените во текот на времето и низ индивидуалните системи и контексти.За жал, досега во Р. Македонија оваа научна дисциплина е скоро непозната.Се надеваме дека овој труд ќе побуди интерес, иницијален предизвик и свесност за неопходната потреба од развој на развојната психопатологија во иднина. Како први пионерски чекори во Р. Македонија, на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип, на Факултетот за образовни науки и на Факултетот за медицински науки, воведовме курикулум на развојна психопатологија. Клучни зборови: развојна психопатологија; концепти; предизвици; научна дисциплина.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Psychology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Lence Miloseva
Date Deposited: 26 Jun 2013 13:02
Last Modified: 26 Jun 2013 13:02
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/6694

Actions (login required)

View Item View Item