Примери за пристрасно игнорирање на македонскиот идентитет: Роберт Каплан, Балкански духови

Kukubajska, Marija Emilija (2012) Примери за пристрасно игнорирање на македонскиот идентитет: Роберт Каплан, Балкански духови. МАНУ Скопје.

[img]
Preview
Text
Научен Собир Сто Години Од Балканските Војни МАНУ.pdf

Download (1412Kb) | Preview
[img] Text
2012-МАНУ 1912 - IV-6-MARIJA EMILIJA KUKUBAJSKA.doc

Download (113Kb)
[img]
Preview
Text
MANU_Naucen sobir_apstrakti-finalno-s1.pdf

Download (319Kb) | Preview

Abstract

Историјата не ја прават само победници, но и предавници или импровизатори на објективноста. Целта на овој труд е да анализира во Балкански Духови, Патување низ историјата (Каплан 2005) примери на непроверени стереотипи и необјективно прикажување, (дез)информирање, изоставање, некоригирање на стари информации и нерешавање на фалсификати во историските податоци за Македонија пред и во периодот на 1912-1913 година. Трудот ја застапува потребата од транспарентно, одговорно и фактичко сведочење особено во документарни книги кои имаат историски аспирации. Проблемот на пристрасност, необјективност, игнорирање и манипулирање на историски вистини во односите на балканските соседи и нивните сојузни сили кон македонскиот народ перзистира и пред 100 години, но книгата на Каплан покренува нови историско-културолошки прашања за био-етиката во историската и патеписна литература, особено низ современото одговорно истражување на “Источното прашање“ на Балканот. Во период на правење и растурање на држави во Отоманската империја, Каплан тенденциозно ја заменува одредницата македонски (народ) со бугарски, српски или грчки, без да контрастира најновите сознанија од современата историографија. Илустрациите се анализирани како пример за: 1) потребата од преиспитување на непроверени,недоволно информирани, тенденциозно индоктринирани,политички пристрасни видувања и за 2) потребата од професионална и био-етичка одговорност во научната и дипломатска литература, во време на зголемена достапност на податоци.

Item Type: Other
Uncontrolled Keywords: Био-етика, непристрасно информирање, историско-културолошки фалсификати
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Humanities > Languages and literature
Humanities > Other humanities
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kukubajska
Date Deposited: 15 Apr 2014 09:10
Last Modified: 15 Apr 2014 09:10
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5618

Actions (login required)

View Item View Item