Когницијата и теоријата за умот кај деца со пореметувања од аутистичен спектар

Miloseva, Lence (2012) Когницијата и теоријата за умот кај деца со пореметувања од аутистичен спектар. Воспитание - Списание за теорија и практика 2012/2013, 8 (12). pp. 75-92. ISSN ISBN 1857/5331

[img]
Preview
Text
Vospitanie_2012_Miloseva.pdf

Download (482Kb) | Preview
Official URL: https://e-lib.ugd.edu.mk/resursi/zbornici/pedagosk...

Abstract

Пореметувањата од аутистичeн спектар се развојни пореметувања кои се огледаат во тешкотии во социјалните интеракции и комуникации, како и постоење на стереотипно однесување, интереси и активности. Со оглед дека клиничката слика на пореметувањата од аутистичен спектар варира во степенот на сериозноста и тежината на симптомите, се смета за оправдано да се зборува за спектар на развојни пореметувања. Во овој прегледен труд, ги евалуиравме хипотезите за теоријата за умот во светло на истражувањата кои како предмет на проучување ги имале следните прашања: Дали децата со аутистично пореметување развиваат концепти на теоријата за умот ? Како можеме да објасниме зошто некои деца со аутистично пореметување успешно ги решаваат задачите од теоријата за умот? Дали дефицитите во теоријата за умот се сметаат за големите оштетувања кои ги карактеризираат аутистичните пореметувања? До денес, не е предложена теорија која би ги објаснила сите важни аспекти на аутистичните пореметувања, или пак би била единствена, унифицирана за сите аутистични пореметувања. Земајќи предвид дека во литературата најзастапени се теориите кои пореметувањата од аутистичниот спектар ги толкуваат како дефицит на теоријата за умот, во трудот сe обидовме да ги евалуираме хипотезите на теоријата за умот за аутизмот, со посебен осврт на дефицитите во когницијата. Клучни зборови: пореметувања од аутистичен спектар; теорија за умот; дефицити; когниција.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Lence Miloseva
Date Deposited: 03 Feb 2013 12:03
Last Modified: 18 Nov 2013 09:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/5468

Actions (login required)

View Item View Item