Проектирање и имплементирање на TQM системот преку тимската работа

Mitreva, Elizabeta (2009) Проектирање и имплементирање на TQM системот преку тимската работа. Годишен зборник на Правен факултет, 1 (1). pp. 155-170. ISSN 1857-7229

[img]
Preview
Text
8.pdf

Download (7Mb) | Preview

Abstract

Примената на новата стратегија на тотален менаџмент на квалитет (Total Quality Management) е поврзана со градење на добар систем за управување со квалитет, примена на статистичка процесна контрола (SPC), анализа на трошоците на квалитет и избор на тимови за реализација на сите дејности, согласно образованието, мотивацијата и способноста на вработените. Но, за исполнување на светските и европските барања треба да се пристапи кон крупни – радикални промени во решавањето на проблемите, тоа е т.н. реинженеринг. Новиот начин на размислување за причините, а не како досега за последиците, е карактеристика на реинженерингот. Она што треба да го направи топ менаџментот е формирање менаџерски тимови кои ќе ги прифатат промените и што поскоро ќе се вклучат во тековите на пазарното работење, во кое квалитетот е главен предуслов за освојување на купувачите. Правилата на тимската работа кои се однесуваат на почитување на личностите, карактерите, искуствата, знаењето, ќе доведат до опуштена атмосвера, конструктивен конфликт, креативна тензија и ентузијазам и ќе овозможат новиот пристап кон квалитетот да биде примарен и вграден во секој сегмент на функционирање на претпријатијата, а со тоа и можност за воведување на многу нови пристапи кои досега ги немало. Клучни зборови: TQM, статистичка процесна контрола, трошоци на квалитет, избор на тимови, реинженеринг, квалитет.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 23 Jan 2013 13:32
Last Modified: 23 Jan 2013 13:32
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4962

Actions (login required)

View Item View Item