Влијание на животната средина влијание на животната средина во Флотациско хидројаловиште

Krstev, Boris and Krstev, Aleksandar and Golomeov, Blagoj (2008) Влијание на животната средина влијание на животната средина во Флотациско хидројаловиште. [Project]

[img]
Preview
Text
OBUKA3.pdf

Download (1912Kb) | Preview

Abstract

Минералните суровини се природни минерални материи од органско или неорганско потекло кои при современиот развој на техниката и технологијата можат економично да се користат во природна состојба или после одредена подготовка и преработка. Најголем дел од минералните суровини се составени од повеќе минерални компоненти, кои можат да бидат корисни и некорисни. Минералната технологија има задача да врши подготовка на минерални суровини, односно да изврши одделување на корисните и некорисните минерални компоненти од рудната маса. Минералната технологија во основа се отстварува преку следните три основни операции: - механичко ситнење (дробење и мелење); - класирање; - концентрација на разнородни минерални компоненти во соодветни производи: концентрати (комерцијални производи) и отпадок (јаловина). Во современата пракса на минералната технологија се користат повеќе методи на концентрација, од кои кај металичните минерални суровини најзастапена е флотациската концентрација. Оваа метода за одделување на корисните од некорисните минерални компоненти ја користи разликата во физичко - хемиските особини на минералните површини на иситнетата маса. Одделувањето се врши во флотациски пневматски - механички машини на претходно подготвена флотациска пулпа. Флотациската пулпа се состои од три главни фази: цврста (минерални зрна), течна (вода) и гасовита (воздух). Кон овие фази се додаваат и одредени реагенси за регулирање на пХ вредноста на пулпата, активирање и колектирање на едни или депримирање на други минерални зрна, создавање пена и сл.

Item Type: Project
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Krstev
Date Deposited: 04 Feb 2013 15:13
Last Modified: 04 Feb 2013 15:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4779

Actions (login required)

View Item View Item