Балетското творештво на Љубомир Бранѓолица

Zelenkovska Leshkova, Stefanija and Velkovska-Trajanovska, Valentina (2012) Балетското творештво на Љубомир Бранѓолица. In: Струшка музичка есен, 15-16.09.2012, Струга.

[img] Slideshow
БАЛЕТСКОТО ТВОРЕШВО НА БРАНЃОЛИЦА - презентација.pptx

Download (9Mb)
Official URL: http://www.socom.com.mk/index.php?option=com_conte...

Abstract

Љубомир Бранѓолица е еден од композиторите во македонската музичка култура кои се одликуваат со исклучителна творечка и уметничка плодност. Неговата шестдецениска улогата е сестрана – тој делува како пијанист, композитор, критичар, публицист, автор на либрета, продуцент и корепетитор. Голем придонес Бранѓолица дава на полето на продуктивната музичка дејност, преку творештвото кое вклучува опус од над 450 композиции – солистички, камерни, симфониски, балети, мјузикли, филмска музика итн. – соединети во различни музички жанрови и стилови. Во овој труд се фокусираме на шеснаесетте балети кои заземаат посебно место во неговиот творечки опус. Преку хронолошкиот преглед на изворите на композиторовата инспирација, карактерот и стилот на балетите, изведбите и нивната застапеност на домашната и светската сцена ќе се потврди местото и значењето на балетските дела на Бранѓолица во формирањето на македонскиот балетски музички репертоар. Клучни зборови: Љубомир Бранѓолица, македонско музичко творештво, балетски дела, македонски балетски репертоар.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Valentina Velkovska Trajanovska
Date Deposited: 26 Dec 2012 09:28
Last Modified: 25 Feb 2013 11:05
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4497

Actions (login required)

View Item View Item