Теренско истражување во село Ињево поврзано со верскиот празник Лазара

Angelov, Goranco (2012) Теренско истражување во село Ињево поврзано со верскиот празник Лазара. [Video] (Unpublished)

[img]
Preview
Image
Lazarki 1.JPG

Download (2037Kb) | Preview
[img]
Preview
Image
Lazarki 2.JPG

Download (1956Kb) | Preview
[img] Video
Lazarski pesni s.Injevo, Radovis 08.04.2012.MPG

Download (290Mb)

Abstract

Во радовишкото село Ињево, сеуште се задржани одредени верски обичаи наследените од минатото а кои се пренесуваат од колено на колено. Празникот „Лазара“ влегува во пролетниот циклус на обичаи. Самиот обичај е составен од повеќе содржини. Во поглед на музичката застапеност, обичајот опфаќа песни кои се пеат исклучиво на овој верски празник и истите не се придружуваат од музички инструменти. Групата за пеење ја сочинуваат млади немажени девојки кои се талентирани за музика и се организирани во група од три и повеќе девојки. доколку не можат да постигнат со посетувањето на куќите, се делат во две групи при што ги посетуваат сите куќи во селото пеејќи лазарски песни. Овие песни во својата содржина го величат самиот празник Лазара а преку песните упатуваат порака за здравје, благосостојба, радост и среќа во фамилијата кај која што се примени. За тоа добиваат одредена симболична награда од домаќимите. Посебно внимание предизвикува тоа што за овие групи можат да се пријават повеќе девојки поради што нивниот состав може да биде различен од година во година но сепак, тоа не го менува востановениот тек на одвивањето на самиот ритуал задржувајќи го истиот пеачки репертоар. Ова е една од причините поради кои се менува музичкиот квалитет на пеаните творби поради што и самите учесници но и жителите на Ињево велат дека има групи кои навистина пеат убаво и групи кои не достигнуваат одреден музички квалитет. Сепак тоа воопшто не го нарушува негувањето и зачувувањето на празнувањето на овој христијански верски празник.

Item Type: Video
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goranco Angelov
Date Deposited: 24 Dec 2012 13:59
Last Modified: 24 Dec 2012 13:59
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/4331

Actions (login required)

View Item View Item