Проучување на причинителите на бактериските заболувања кај пиперката во струмичкиот регион

Pejcinovski, Filip and Mitrev, Sasa (1995) Проучување на причинителите на бактериските заболувања кај пиперката во струмичкиот регион. [Project]

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_marijana.kroteva_Desktop_Proucuvanje na pricinitelite na bakteriskite zaboluvanja kaj piperkata vo strumickiot region.pdf

Download (594Kb) | Preview

Abstract

Пиперката (Capsicum annum L.) е едно од најквалитетните и едно од најценетите градинарски растенија што се одгледува во нашата држава. Во Република Македонија вкупните површини под пиперка се движат околу 9.000 ха, од кои повеќето од половината се наоѓат во Струмичкиот реон. Просечениот принос изнесува приближно 12.000 кг/ха (ст. год. 1994 на Р.М.). Бактериите како причинители на болести кај пиперката се познати од поодамна и доста се проучувани во светот насекаде каде што се одгледува ова растение. Според многу истакнати истражувачи во светот како што се L e l l i o t t и S t e a d (1987), K l e m e n t et al. (1990), A r s e n i j e v i ć (1980, 1988, 1992), B o u z a r et al. (1994), S t a l l et al. (1984), S m i t h et al. (1986) др. како позначајни патогени бактерии кои ја напаѓаат пиперката се: Xanthomonas campestris pv. vesicatoria, Erwinia carotovora subsp. carotovora и Pseudomonas syringeae pv. syringeae. Со ова проучување предвидено е да се одредат фитопатогените бактерии кои ја напаѓаат пиперката во Струмичкиот производен реон. Исто така ќе се одреди и нивното влијание во одгледувањето на пиперката, намалувањето на приносот, влијанието на климатските фактори врз патогенезата, ќе се потврдат биохемиско-физиолошките, одгледувачките, патогените и серолошките одлики на бактериите кои се јавуват по пиперката како и тие да се споредат со карактеристики на бактериите од други производни подрачја. Познавањето на точните причинителите на болестите кај пиперката, ќе допринесе за правилна и навремена заштита на пиперката од нив.

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Marijana Kroteva
Date Deposited: 10 Dec 2012 16:44
Last Modified: 10 Dec 2012 16:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3236

Actions (login required)

View Item View Item