Болести кај пиперката во Македонија и Бугарија - видова и расна разновидност, извори на отпорност и материјал за селекција

Mitrev, Sasa (2005) Болести кај пиперката во Македонија и Бугарија - видова и расна разновидност, извори на отпорност и материјал за селекција. [Project]

[img]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_marijana.kroteva_Desktop_Bolesti kaj piperkata vo makedonija i Bugarija.pdf

Download (625Kb) | Preview

Abstract

Главен проблем во современото земјоделство претставуваат растителните болести од вирусно, бактериско и габно потекло. Денешната контрола на патогените болести е далеку од ефективна и затоа бара широка употреба на пестициди и хербициди за сузбивање на инсектите и плевелите кои претставуваат вектор и природен резервоар на патогените. Меѓутоа аплицирањето на хемиски соединенија има штетно дејство врз околината и луѓето. Многу често се случува по извесно време на употреба на истите, кај плевелите и патогените да се појави отпорност спрема овие соединенија. Поефикасен начин на заштита претставува одгледувањето на видови отпорни на болести. Сите познати наши сорти на пиперка се осетливи на CMV, тобамовируси, Xanthomonas axonopodis pv. vesicatoria и Phitophthora capsici кои воедно се и економски најзначајни болести кај пиперката. Тобамовирусот преовладува кај пиперката во заштитен простор и предизвикува значајни загуби на приносот, дури и до 60%. Phitophthora capsici е рангирана како втора најопустошувачка болест во светот кај пиперката која многу тешко може да се искорене. Во полски услови најраспространет е CMV вирусот кој инфицира и до 80-90% од пиперката. Затоа потребно е да се изврши идентификација на новите извори на отпорност против горе споменатите патогени за да се развијат линии и култури кои поседуваат комплексна отпорност.

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Marijana Kroteva
Date Deposited: 10 Dec 2012 16:44
Last Modified: 10 Dec 2012 16:44
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3235

Actions (login required)

View Item View Item