Вклучување на студентите во процесот на учење: работни групи и студиски тимови

Dimova, Cena and Kovacevska, Ivona and Papakoca, Kiro and Pandilova, Maja and Korunoska Stevkovska, Vesna (2012) Вклучување на студентите во процесот на учење: работни групи и студиски тимови. In: A National Higher Education Conference, Quality of Learning and Teaching: Policy and Practice, 12 June 2012, Tetovo.

[img]
Preview
Text
Final_Abstarcts.pdf

Download (612Kb) | Preview
Official URL: http://www.seeu.edu.mk/en/quality-conference

Abstract

Вовед: Студентите најдобро учат кога се активно вклучени во процесот на учење. Сознанијата укажуваат дека, без разлика за кој наставен предметот се работи,соработката на студентите во мали групи има тенденција да научат повеќе од она што се учи и го задржуваат истото повеќе отколку кога истата содржина е претставена во други наставни форми. Постојат три општи типови на работа во групи: неформални групи за учење, формални групи за учење и студиски тимови. Цел: Цел на трудот е да се покаже ефектот од имплементацијата на процесот на учење кај неколку различни групи и тимови на студенти. Материјал, метод и резултати: Во истражувањето беа вклучени 190 студентите од прва, втора и трета година на студиските програми по Стоматологија (130 студенти), како и студентите од Стручните студии за забен техничар – протетичар (60 студенти) на Факултетот за медицински науки во Штип. Беа применети три вида на учење: неформалното учење во групи - ad hoc времени групи на студентите во рамките на една сесија; формалното учење во групи - тимови формирани со цел да се заврши одредена задача (вообичаено, студентите работат заедно додека проектната задача е завршена и оценета) и студиските тимови - долгорочни групи, обично постоечките во текот на еден семестар. Резултатите укажуваат дека колку е поголема класата и предметот е посложен, толку се поголеми вредностите на студиските тимови. Кај овие тимови и групи најдобри резултати беа постигнати преку поддршка со компјутерска обработка на колаборативно учење (CSCL) кое се нарекува Е-учење 2.0. Заклучок: Концептот на соработка na групи за учење при наставните методи се наменети за поттикнување на студентите да работат заедно. Потребно е да се прави разлика помеѓу колаборативно учење од моделот на традиционалниот "директен пренос", во која се смета дека професорот треба да биде дистрибутер на знаења и вештини. Клучни зборови: вклучување, учење, подучување, настава Introduction: Students learn best when they are actively involved in the learning process. Researchers report that, regardless of the subject matter, students working in small groups tend to learn more of what is taught and retain it longer than when the same content is presented in other instructional formats. Тhere are three general types of group work: informal learning groups, formal learning groups, and study teams. Aim: The aim of this study was to show the implementation effect of teaching process in different students groups and study group. Material, methods and results: Тhe investigation included 190 students of the first, second and third study year of the Study program of General Stomatology (130 students), as well as dental technicians students – prosthetic (130 students) of the Faculty of Medical sciences – Stip. There were used three type of learning: Informal learning groups - ad hoc temporary groups of students within a single class session; Formal learning groups - teams established to complete a specific task (usually, students work together until the task is finished and graded); Study teams are long-term groups (usually existing over the course of a semester). The results shows that as the larger was the class and the more complex the subject matter, the more valuable study teams can be. The best results were achieved with support of Computer-Supported Collaborative Learning which is named E-learning 2.0. Conclusion: Concept of cooperation of learning groups in the teaching methods are designed to encourage the students to work together. It is necessary to distinguish between collaborative learning model of the traditional "direct transmission", which considers that the professor should be a distributor of knowledge and skills. Keywords: inclusion, learning, teaching, education.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 06 Dec 2012 09:21
Last Modified: 16 Feb 2016 15:04
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/3051

Actions (login required)

View Item View Item