Иднината на органското производство

Dimovska, Daniela (2020) Иднината на органското производство. [Project] (Unpublished)

[img]
Preview
Text
D.D. 1.pdf

Download (299Kb) | Preview

Abstract

Органското земјоделие е производствен систем кој го поддржува здравјето на почвата, екосистемите и луѓето. Се заснова на еколошки процеси, биодиверзитет и циклуси пред се адаптирани на локалните услови, отколку на влезни елементи кои имаат спротивен ефект. Органското земјоделие комбинира традиција, иновација и наука со цел позитивно влијание на околината и промоција на фер односи и живот со добар квалитет на сите инволвирани страни. Првата активност во органскиот сектор во Република Македонија се забележува во 1997 година, кога Алкалоид побарува прв органски сертификат во земјата со цел дивите билки (липа, камилица) да ги продава како органски на националниот пазар. Првата контрола на органско производство во Република Македонија е направена во 2003 година, а првиот сертификат за органско производство е издаден во 2004 година. Во 2007 година Владата на Република Македонија ја усвојува Националната стратегија со акционен план за органско земјоделство2 во Република Македонија 2008 - 2011 година. Во 2013 година се усвојува нова Национална стратегија за органско производство 2013 - 2020 година. Законот за органско земјоделско производство за прв пат е донесен во 2004 година, а во 2009 година донесен е нов закон за органско земјоделско производство кој целосно усогласен со Европската регулатива 834/2007 и 889/2008 . Со донесувањето на законот за органско земјоделско производство во Република Македонија во моментот имаме две сертификациски тела ( БАЛКАН БИОСЕРТ и ПРО - ЦЕРТ ) кои се акредитирани од Институт за акредитација на Република Македонија и овластени од страна на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство за вршење на стручна контрола на органското производство Органско земјоделство е... Производство на здравствено безбедна и квалитетна храна на еколошки одржлив начин Основни цели на органското производство се: Користење на природните ресурси на одржлив начин Зачувување на екосистемот Одржување на плодност на земјиштето Намалување на сите форми на загадување Основни компоненти на системот за органско производство се избегнување на вештачките материи во производството и промоција на исклучиво природни материи - Услови за започнување на органско производство се: Просторна изолација на земјоделските парцели, сточарски фарми, капацитети за преработка од можни извори на загадување Земјоделско земјиште чија содржина на штетни материи е под максимално дозволените Пропишан квалитет на вода за наводнување Координиран развој на растително и животинско производство Принципи на органското земјоделство се : 1. Принципи на здравје Здравје на растенијата, животните, почвaта, луѓето = здравје на планетата. 2. Принцип на екологија Одржливост на природните системи 3. Принцип на праведност Искрен однос на производителот со природата и животната средина 4. Принцип на грижа За генерациите што доаѓаат

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Daniela Dimovska
Date Deposited: 19 Aug 2020 08:58
Last Modified: 19 Aug 2020 08:58
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/24325

Actions (login required)

View Item View Item