Вински туризам - скрипта

Kitanov, Vladimir and Metodijeski, Dejan and Micev, Georgi (2020) Вински туризам - скрипта. ISBN 978-608-244-706-3.

[img]
Preview
Text
VINSKI TURIZAM SKRIPTA_compressed.pdf

Download (477Kb) | Preview
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/898

Abstract

Оваа скрипта има за цел да понуди сублимирање на литературата и концептите за винскиот туризам и запознавање на студентите со можноста тие концепти на најуспешен начин да се применат во областа на туризмот и угостителството во Македонија. Во разработката на скриптата, користена е соодветна литература од познати автори и институции од областа на винарството, лозарството, туризмот и угостителството, како и Интернетот, како извор на податоци. Скриптата е структуирана на следниот начин: Вовед, Прва, Втора и Трета глава. Првата глава, која е насловена: „Поим и дефинирање на винскиот туризам“, опфаќа: поим за винарство и лозарство, дефинирање на винскиот туризам, историски развој на винскиот туризам, фактори за постоење и развој на винскиот туризам, понуда и побарувачка на вински туризам. Посебно внимание е дадено на материјалот кој се однесува на суштината на винскиот туризам, како дегустацијата на вино и посета на винариите, винските манифестации, винските музеи, винските саеми и винските патишта. Во Втората глава се обработува материјата поврзана со винските региони и винскиот туризам во светот. Овој дел го опфаќа истражувањето во кое се содржи материјалот поврзан со: економските показатели на светската винска индустрија, винските региони во Европа, винските региони кај Балканските земји, винските региони во Америка, Африка и Австралија. Третата глава е посветена на потенцијалите за развој на винскиот туризам во Македонија. Во овој дел се претставени: историскиот развој на винарството во нашата земја, винската култура и винските региони. Исто така, даден е преглед на винарии од винските региони кои развиваат вински туризам и нудат можност за дегустација на вино. Покрај тоа, опфатени се и останатите аспекти на винскиот туризам во земјата како манифестации, музеи, вински саеми, продавници, патишта и др. Скриптата е наменета за потребите на студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика за подготвување на испитот по предметот Вински туризам. Содржината на скриптата ја опфаќа потребната материја за предавањата по предметот Вински туризам, според Наставната програма на насоките: Гастрономија и исхрана во втора година (4 семестар, 4 кредити, 2+1+1 фонд на часови) и Туризам во втора година (4 семестар, 4 кредити, 2+1+1 фонд на часови). Скриптата можат да ја користат сите студенти на останатите факултети каде што се изучува предметот Вински туризам, ученици во средните туристички училишта, но и останатите стручни кадри кои ја проучуваат оваа проблематика и се занимаваат со винскиот туризам. Скриптата е изготвена со цел да се унапреди наставата по предметот Вински туризам и да се подобри квалитетот на знаењето на студентите. Искажуваме благодарност и до сите наши колеги и соработници кои дадоа придонес во обезбедувањето на материјалите кои беа неопходни за комплетирање на содржината на оваа скрипта. Имајќи предвид дека е ова прво издание, ненамерно, можеби, сме пропуштиле некои карактеристики на винскиот туризам. Мислењата и забелешките можат да се упатуваат по електронски пат. За сите забелешки, авторите ќе ви бидат благодарни и ќе ги земат предвид при создавањето на следното дополнето издание на скриптата. Воедно, искажуваме јавна благодарност до рецензентите вон. проф. д-р Тања Ангелкова Петкова и доц. д-р Оливер Филипоски, за корисните сугестии при изработката на скриптата.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 17 Feb 2020 09:17
Last Modified: 17 Feb 2020 09:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/23824

Actions (login required)

View Item View Item