Идејно решение и оправданост за изведба на еднолентна кружна крстосница во Берово

Glavinov, Aleksandar and Armenska, Branka (2019) Идејно решение и оправданост за изведба на еднолентна кружна крстосница во Берово. In: First Macedonian Road Congress, 7-8 Nov 2019, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Paper_T8-5_Идејно решение и оправданост за изведба_AG_BA.pdf

Download (500Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Zbornik_UREDUVACKI_Sodrzina.pdf

Download (550Kb) | Preview
Official URL: https://prvkongreszapatista.mk/schedule/?lang=en

Abstract

Како и во повеќето Европски земји, така и во Република Северна Македонија, присутна е тенденцијата на се почеста изведба на кружни крстосници и реконструкција на класични крстосници во кружни. Многубројните истражувања покажале дека со преминување во современи кружни крстосници значително се намалува бројот на сообраќајните незгоди, се подобрува заштитата на животната средина, како и нејзино естетско обликување. Во овој труд направена е анализа и проценка за оправданост и изведба на кружен тек во градот Берово на одредена локација по јасно дефинирани критеруми. Оправданоста за прифаќање и донесување на оваа одлука представува цел на истражувањето, односно основен чекор за понатамошно преминување во постапка и почеток за изрaботка на проектна документација за кружната крстосница. Процесот на планирање и донесување одлука за оправданост на изведба e разработен по методологијата за анализа на функционалните критериуми, просторно урбанистичките критериуми, критериумите за сообраќајот во кружниот тек, проектно-техничките критериуми, критериумите за сообраќајна сигурност, критериумите на пропусна моќ, критериумите на околината како и економските критериуми. Врз основа на направените анализи и истражувања, решението за имплементација на кружната крстосница на дефинираната локација е прифатливо, така што варијантата на еднолентна кружна крстосница е оценета како најдобро решение. Клучни зборови кружен тек, сообраќај, критериуми, анализа, оправданост.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Engineering and Technology > Civil engineering
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Aleksandar Glavinov
Date Deposited: 19 Nov 2019 09:30
Last Modified: 19 Nov 2019 09:30
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22883

Actions (login required)

View Item View Item