Приоритети на современото училиште од воспитен аспект

Petrova Gjorgjeva, Emilija and Mirascieva, Snezana and Kitanova, Irena and Koceva, Daniela (2017) Приоритети на современото училиште од воспитен аспект. Зборник на трудови: Современото воспитание и образование - состојби, предизвици и перспективи - 2017. ISSN ISBN: 978-608-244-472-7

This is the latest version of this item.

[img]
Preview
Text
EMILIJA.pdf

Download (938Kb) | Preview

Abstract

Современото училиште претставува комплексен и сложен организациски систем. Тоа произлегува од секојдневните односи на релација наставник - ученик, наставник - наставник и наставник – директор. Притоа, честа е појавата на т.н. „судир на генерации“. Тоа практично значи судир на две култури, културата на возрасните (образувачи и воспитивачи) и културата на младите-новите генерации (оние што се образуваат и воспитуваат). И сето тоа се одвива во една средина со свое опкружување и создаден амбиент во кој се реализира наставниот процес, со индивидуалните и споделените перцепции, ставови и мислења на членовите низ кои се случува животот во училиштето. Таа средина и тоа опкружување се карактеризираат со специфична организациска клима и организација на работењето на училиштето. За ефикасно функционирање на училиштето при реализација на воспитната улога, потребно е училиштето да изгради приоритети. Проблемите од воспитен аспект се најсилно изразените проблеми со кои се соочува училиштето како институција, задолжена за воспитание и образование на младата личност. Насилствата, непочитувањето, честите отсуства од часовите, нетрпеливост и нетолеранција се најчесто изразените проблеми во нашите училишта, како основни, така и средни. Родителите и наставниците се немоќни пред таквите проблеми. Училиштето стои исправено пред предизвиците на 21 - от век, одговорно за својата улога во општеството и за потребите на учениците. Затоа, на тие проблеми треба да им се посвети императивно значење и да претставуваат приоритет во улогата на современото училиште. Клучни зборови: организациска клима, современо училиште, колегијалност, поддршка од директор, иницијативност и иновативност, планирање и креирање развој на училипштето.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 27 Sep 2019 08:23
Last Modified: 27 Sep 2019 08:23
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22582

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item