Заштита на животна средина (почва)

Dimovska, Daniela (2018) Заштита на животна средина (почва). [Project]

[img]
Preview
Text
SKM_C224e19062108570.pdf

Download (3000Kb) | Preview

Abstract

Состојба на животната средина / осетливост: Зачувувањето на животната средина треба да биде еден од главните приоритети на целокупното општество. Здравите навики и грижата за растителниот и животинскиот свет околу нас треба да биде навика и култура на живеење на секој поединец. Навиките се формираат од мали нозе , па затоа нашите активности започнуваат од најмалите па се до сите двигатели во општеството со цел постигнување на здрава и квалитетна животна средина. Рационалното искористување на природните ресурси овозможува нивно подолготрајно користење, па отаму и потребата да се утврди сегашната состојба на ресурсите и да се конкретизираат мерки со кои ќе се забави нивната деградација. Со цел да се утврди сегашната состојба на почвата и присуството на органска материја, како и макроелементи , значајни за животот на растенијата и човекот предвидено е да се земат 100 почвени проби и на база на добиените резултати ќе се дадат насоки за збогатување на почвите со органска материја и подобрување на нејзиниот квалитет. Индустриско -технолошкиот развој, брзиот развој во земјоделството и нерационалното користење на земјоделските површини, се причина за високиот степен на загаденост на воздухот, почвата и водата во средината во која живееме. Имајќи ги во предвид податоците кои покажуваат дека концетрациите на штетни материи во воздухот, водата и почвата се над дозволените мерни граници, поттикнати сме за овој голем проблем да го алармираме кај децата, адолесцентите, студентите и сите граѓани да бидат еколошки активни и со јакнење на пошироката јавна свест да поставиме основа за иден позитивен развој на младите генерации.

Item Type: Project
Subjects: Agricultural Sciences > Agriculture, forestry, and fisheries
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Daniela Dimovska
Date Deposited: 20 Sep 2019 07:28
Last Modified: 20 Sep 2019 07:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/22084

Actions (login required)

View Item View Item