Карактеристики на оралното здравје кај старите лица

Petrovski, Mihajlo (2019) Карактеристики на оралното здравје кај старите лица. In: 8-ми научен симпозиум: „Мултидисциплинарен пристап во стоматолошката практика”, 06 Apr 2019, Stip.

[img]
Preview
Text
презентација-за-сабота-Mихајло.pdf

Download (653Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Осми симпозиум.pdf

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Бројот на стари лица, како и насекаде во светот, така и во нашата земја покажува тенденција на негово зголемување. Оралното здравје на геријатриската популација е игнориран проблем и слабо истражено подрачје во медицината и стоматологијата во целост насекаде во светот. Но , она што е познатоо е дека со напредувањето на возраста се појавуваат и посериозни стоматолошки проблеми. Присутниот коморбидитет и мултитиморбидитет кај старите лица има влијание и на самото орално здравје, односно на бројот на присутни заби, оралната хигиена,застапеноста на кариесот и пародонталната болест, ограничените орални функции, беззабноста и проблемите поврзани со носењето на тоталните и парцијалните протези, присуството на малигни и бенигни туморозни формации, сувата уста, но и на други орални состојби кои можат да предизвикаат болка или дискомфорт во орофацијалната регија. Оралното здравје пак во голема мерка влијае на квалитетот на живот, и истото е условено од бројни фактори какви што се денталниот кариес и неговите компликации, нетретираните и неекстрахирани забни корени, заболувањата на оралната лигавица и бројните орални инфекции,преканцерозните состојби и самите бенигни и малигни тумори, болката во темпоро-мандибуларниот зглоб, ксеростомијата и секако парцијалната или пак тоталната беззабност. Токму затоа оваа презентација е насочена кон презентација на најчестите стоматолошки промени кои се јавуват кај старите лица и можностите за третирање на истите, се со цел подобрување на оралното, но и на општото здравје и квалитет на живот кај истите.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Mihajlo Petrovski
Date Deposited: 23 Apr 2019 12:22
Last Modified: 23 Apr 2019 12:22
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21957

Actions (login required)

View Item View Item