РЕТОРИКА: Историски и современи аспекти

Apasiev, Dimitar and Andonovski , Jovan and Naumovski, Goce and Buckovski, Vlado and Polenak-Akimovska, Mirjana (2019) РЕТОРИКА: Историски и современи аспекти. Ars Lamina, Skopje. ISBN 978-608-259-344-9

[img]
Preview
Text
91. RETORIKA istoriski aspekti 2019.pdf

Download (1027Kb) | Preview

Abstract

Ова четиво е мултидисциплинарно каква што, впрочем, е и реториката. Таа од своите корени, па сè до денес ги окупира философите, литератите, правниците, политичарите, новинарите и сите оние што ја практикуваат комуникацијата во нивното секојдневие. Исто така, книгава е и плуралистичка, како и реториката. Во основата, таа смета дека вистината се наоѓа во средбата помеѓу двата збора – на оној што говори и на оној што слуша, а сака да говори. Им служи и на трети лица, бидејќи подразбира дека, во секој случај, треба да се води сметка за верувањата и вредностите на сите кои се противници на изречената реч. Ова четиво може да се чита на различни начини и да се восприема различно. Преку него можат да се добијат основните знаења за реториката како вештина и дисциплина, да се дознаат историските и современите аспекти на реториката, но и да се пронајдат практични совети како да се одржи еден добар говор, како да се учествува во дебата, како да се сфати намерата на противникот во спорот и, на крај, како да се победи. Затоа, книгава понекогаш е теоретско, а понекогаш практично четиво. Таа има претензии да објасни што е реториката која е практикувана уште од старите народи, но зошто и денес таа не го губи своето значење и својата вредност. Вечната реторика која цутела со општествените демократски движења, а која била замолчувана во диктаторските или авторитарните режими, секогаш има особина да се подмлади и повторно да се разгори и да процути со зајакнување на демократските тенденции. Меѓу другото, целта на оваа книга е и да помогне да се стекнат знаења за апликативна примена на реториката во интерпретацијата на различни текстови, како и да понуди херменевтички инструменти на студентите и на идните истражувачи.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Humanities > History and archaeology
Social Sciences > Law
Social Sciences > Media and communications
Humanities > Philosophy, ethics and religion
Social Sciences > Political Science
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Dimitar Apasiev
Date Deposited: 04 Mar 2019 09:43
Last Modified: 04 Mar 2019 09:43
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21720

Actions (login required)

View Item View Item