Технологија на изработка на облека 1 - скрипта

Jordeva, Sonja and Golomeova, Saska (2018) Технологија на изработка на облека 1 - скрипта. ISBN 978-608-244-573-1.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/773

Abstract

Оваа е-скрипта настана како резултат на потребата на студентите од III година на Технолошко-техничкиот факултет на студиските програми Технологија на текстил и облека и Дизајн на текстил и облека за совладување на знаењата по предметот Технологија на изработка на облека 1. Исто така оваа е-скрипта можат да ја користат и стручњаците кои работат во конфекциските претпријатија. Е-скриптата има за цел да им пружи на студентите и стручњаците обемни информации од областа на техничката подготовка во индустријата за облека и технолошките процеси на кроење и шиење. Е-скриптата се состои од вовед и 6 поглавја. Првите три поглавја се однесуваат на техничката подготовка во индустријата за облека. Во првото поглавје е разработена конструкциската подготовка, во второто оперативната, а третото се однесува на технолошката подготовка. Четвртото поглавје се однесува на процесот на кроење и во него детално се објаснети методите на изработка и примена на кројни слики, положувањето на ткаенините или плетенините во кројна наслага, како и постапките на кроење заедно со уредите што се користат. Посебно поглавје, петтото е посветено на примената на меѓупоставите. Во него се објаснети видовите на меѓупостави, процесот на термофиксирање, параметрите, опремата и методите на термофиксирање на леплива меѓупостава. Шестото и најобемно поглавје се однесува на технолошкиот процес на шиење. Тоа е поделено на 6 посебни целини кои се однесуваат на: својства на шевовите, типови на шевови, типови на бодови, транспортни системи кај шивачките машини, игли на шивачките машини и шивачки конци.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Engineering and Technology > Mechanical engineering
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Sonja Jordeva
Date Deposited: 14 Feb 2019 06:48
Last Modified: 28 May 2019 10:45
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21559

Actions (login required)

View Item View Item