Биотехнологија и биосигурност

Koleva Gudeva, Liljana (2018) Биотехнологија и биосигурност. Goce Delcev University, Stip, Macedonia. ISBN 978-608-244-579-3

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/779

Abstract

Биотехнологија е употреба на живи системи и организми, или нивните производи, за подобрување на нашиот живот или животната средина. Биотехнологијата е обемна и сè покомплексна дисциплина која обединува и објаснува многу специјализирани области. Користи методи и технологии за да се развијат, или да се направат производи со технологии кои користат биолошки системи и живи организми. Со биотехнолошките методи може да се добијат, или да се модифицираат производи или процеси за специфична употреба. Тоа често се поклопува со поврзаните области како што се: биоинженеринг, биомедицински инженеринг, молекуларен инженеринг, молекуларна биологија и други сродни области. Денес, научниците можат да изолираат, да анализираат, да манипулираат гени и да ја менуваат генетичката структура на живите организми. Клонирањето е веќе рутинска постапка, а проучувањето на матичните клетки ветува многу. Биотехнологијата направи револуција во многу области особено во земјоделството и во медицината. Илјадници години, човештвото ја користи биотехнологијата во производството на храна и лекови. Терминот биотехнологија се верува дека е воведен во 1919 година од страна на унгарски инженер Károly Ereky (1878 – 1952). Во доцните години од XX-ти и почетокот на XXI век, биотехнологијата е проширена и вклучува нови и различни науки како што се: генетиката, рекомбинантни генетски техники применети во имунологија, развој на фармацевтски терапии и дијагностички тестови. Биосигурноста води грижа за зачувување на големиот биолошки интегритет, особено за биолошката разновидност, фокусирајќи се на екологијата, и здравјето на живите организми и животната околина. Овие механизми на превенција опфаќаат спроведување на редовните прегледи во биолошки и лабораториски услови, како и креирање на строги упатства што треба да се следат. Биосигурноста се користи за да нè заштити од штетните инциденти. Високиот степен на безбедност на објектите се неопходни кога се работи со „синтетичка биологија”, бидејќи постојат можности за биотероризам што се манифестира со ослободување на штетни хемикалии или организми во животната средина. Во последните неколку децении развојот на молекуларните методи и генетскиот инженеринг наметнаа сосема ново гледиште врз биотехнологијата на растенијата. Оваа книга обезбедува основни познавања на некои од елементарните биотехнолошки методи и манипулации со растителен материјал во култура на клетки и ткива во in vitro услови. Од друга страна, соодветната комбинација на конвенционалните методи со софистицираните техники на биоинженерингот обезбедуваат сигурен прогрес во целокупното растително производство и биотехнологијата на растенијата. Универзитетскиот учебникот Биотехнологија и биосигурност е наменет за студентите од Земјоделскиот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев” - Штип и претставува сублимат од одбрани поглавја од областа на растителната биотехнологија. Овие одбрани поглавја од растителната биотехнологија се вградени во наставната програма на овој задолжителен предмет на Земјоделскиот факултет. Учебникот е наменет и за студенти од други научни области и образовни институции кои слушаат одредени содржини од додипломските или постдипломските студии од областа на биотехнологијата, растителната биотехнологија и биосигурноста. Книгата може да послужи не само за студентите на земјоделските факултети туку и за научната и стручната јавност од областа на растителното производство, кои би можеле да се запознаат и да ги користат достигнувањата од оваа научна дисциплина. Учебникот има мултидисциплинарен пристап и опфаќа сложени, но темелно прикажани научни теми. Биотехнологијата и биосигурноста е наука за генетските трансформации и манипулации и сите методи кои ги опфаќаат култивирањата на растителните клетки ткива и органи во in vitro услови. Тоа е сложена и комплексна материја, исто како и животот.

Item Type: Book
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Liljana Koleva Gudeva
Date Deposited: 23 Jan 2019 08:49
Last Modified: 23 Jan 2019 08:49
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/21199

Actions (login required)

View Item View Item