Анализа на ризиците во банкарското работење со посебен осврт на кредитниот ризик

Dimovska, Ivana (2018) Анализа на ризиците во банкарското работење со посебен осврт на кредитниот ризик. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Ivana Dimovska (Ivana Dimovska).pdf

Download (4012Kb) | Preview

Abstract

Неизвесноста е главна карактеристика на банкарското работење. Банките секојдневно се изложени под влијание на најразлични видови ризици особено во поново време кога со зголемен интензитет се развива и усовршува современото банкарство и специфичните банкарски производи. Еден од многуте ризици на кои се изложени банките е кредитниот ризик кој ја носи титулата “главен ризик” во банкарското работење. Успешноста и неуспешноста на банките зависи од начинот на кој се третираат ризиците, односно навремено идентификување и преземање соодветни, корективни мерки за заштита и минимизирање на ризиците. Целиот процес на управување со ризиците особено со кредитниот ризик е сложен и практично тој е содржан од пакет активности кои треба да се преземат, а услов за успешно извршување е: компетентно образование, висок степен на стручност и инвентивност кај менаџментот одговорен за управување со ризиците. Стабилноста и сигурноста се значајни карактеристики што треба да ја одликуваат секоја деловна банка, од една страна за да ја зачува својата позиција на пазарот и да се заштити од големата конкуренција во банкарската индустрија, а од друга страна да ги заштити депонентите и воедно да придонесе за развој на стабилен и здрав банкарски систем. За да се одржува стабилноста на високо ниво и процесот на управување со ризиците да биде ефикасен, банката мора да има одредени јасни стратешки цели и стратегии за управување со банкарските ризици. При проценка на сигурноста во работењето на банките клучен показетел кој се зема предвид е капиталот кој треба да е доволно голем за да се амортизираат загубите настанати од влијанието на одредени ризици и воедно адекватноста на капиталот да биде во соогласност со меѓународните стандарди и Базелските спогодби. Клучни зборови: банкарски ризици, кредитен ризик, управување со кредитниот ризик, адекватност на капиталот, сопствени средства. „

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 13 Jul 2018 11:08
Last Modified: 13 Jul 2018 11:08
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20228

Actions (login required)

View Item View Item