Антитуморна активност на ресвератрол инкорпориран во цврсти липидни наночестички

Drakalska, Elena and Angelovska, Bistra and Sterjova, Marija and Stefanovska, Tamara (2018) Антитуморна активност на ресвератрол инкорпориран во цврсти липидни наночестички. In: Прв конгрес на студенти по општа медицина, 09-10 May 2018, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Programa_UGD_Kongres.pdf

Download (2033Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Poster_UGD_EDrakalska.pdf

Download (601Kb) | Preview

Abstract

Ресвератролот (3,5,4′-trihydroxy-trans-stilbene) претставува природен полифенол и фитоалексин, застапен во висока концентрација во грозјето, бобинките, зрната од какао и особено во црвеното вино. Оваа активна супстанца е особено значајна со оглед на фактот што бројни клинички студии докажале дека поседува потентна плеиотропна, антитуморна активност, без документирана токсичност врз здравите клетки. Дополнително, ресвератролот, како најчесто истражуван стилбен, поседува и кардиопротективно, антидијабетично и хемопревентивно дејство. Нажалост, клиничката реализација на ресвератрол е лимитирана поради ниската растворливост во вода (0.05 mg/ml), нестабилноста при физиолошко рН проследено со исклучително ниска биорасположивост. Потенцијална стратегија за надминување на овие недостатоци е инкорпорирање на ресвератрол во цврсти липидни наночестички. Од обработените податоци заклучивме дека цврстите липидни наночестички се одлични кандидати за испорака на ресвератрол, обезбедувајќи повисока растворливост, стабилност и биорасположивост во целното ткиво. Клучни зборови: ресвератрол, наночестички, испорака, биорасположивост

Item Type: Conference or Workshop Item (Poster)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Elena Drakalska
Date Deposited: 19 Jun 2018 13:34
Last Modified: 19 Jun 2018 13:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/20092

Actions (login required)

View Item View Item