Концерт на ансамблот „КонТемпора“ во рамки на програмата „Современи европски композитори“

Miteva, Zlatka and Velkovska-Trajanovska, Valentina (2017) Концерт на ансамблот „КонТемпора“ во рамки на програмата „Современи европски композитори“. [Performance]

[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Kon Tempora.pdf

Download (68Kb) | Preview
[img]
Preview
Text (ImageMagick conversion from image to application/pdf)
Kon Tempora.pdf

Download (68Kb) | Preview
Official URL: http://www.sokom.mk/mk/news/%D0%BA%D0%BE%D0%BD%D1%...

Abstract

На 23 мај (вторник) во Музејот на Град Скопје со почеток во 19:30 часот ќе се одржи концерт на Ансамблот за современа музика „КонТемпора“. Концертот е дел од програмата „Современи европски композитори“ која СОКОМ ја реализира во соработка и со поддршка на Делегацијата на Европската Унија и за оваа прилика, со Амбасадата на Унгарија во Република Македонија. Дополнителните настани во рамките на програмата се предвидени за 22 мај (понеделник) во ЕУ Инфо центарот во Скопје, каде со почеток во 11 часот ќе се одржи предавање на композиторите Мартон Левенте Хорват и Горан Начевски на тема: „Музика - минато, сегашност и иднина, како да се најде сопствениот начин: како да избегаме?“, во 12 часот пак на youtube каналот на СОКОМ премиерно ќе биде прикажан документарниот филм „Европски современи композитори“ посветен на првите три изданија на проектот. Во 17 часот, пак, во просториите на Сојузот на композиторите на Македонија е предвидена студентска работилница со композиторот Мартон Левенте Хорват, професор на престижната музичка академија „Франц Лист“ од Будимпешта. Координатор на проектот е композиторката Валентина Велковска-Трајановска. На програмата на концертот на ансамблот „КонТемпора“ се дела од композиторите Жолт Сереи, Мартин Левенте Хорват, Јудит Варга, како и од македонскиот композитор Горан Начевски. Ансамблот „КонТемпора“ ќе настапи во состав Игор Иванов – кларинет, Златка Митева - флејта, Горан Јанев – хорна, Симон Поповски – виолина, Бојан Талески – виола, Паскал Р. Краповски – виолончело, Ана Гацева – пијано, Весна Станојевска – харфа.

Item Type: Performance
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Zlatka Miteva
Date Deposited: 20 Feb 2018 11:13
Last Modified: 20 Feb 2018 11:13
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/19595

Actions (login required)

View Item View Item