Преглед на руската философија и утврдување на нејзините особености

Stojanov, Trajce (2006) Преглед на руската философија и утврдување на нејзините особености. Филозофија, 1 (19). pp. 49-83. ISSN 1409-9985

[img] Text
Pregled na razvoj na ruskata filosofija.doc - Submitted Version

Download (330Kb)
Official URL: http://www.filozofija.mk/

Abstract

Трудот е историски приказ на развојот на руската философија, со обид да се издвојат и утврдат некои нејзини особености. Секоја нација, секој народ има своевиден карактер, духовен тип кој е специфичен и го разликува од останатите. Оваa општа констатација секако важи и за рускиот народ. Но обидот да се лоцира таа уникатност на рускиот духовен тип се соочува со потешкотија заради самата негова природа. Русија како да одбегнува да биде дефинирана. Рускиот менталитет одбегнува да биде одреден, да биде ставен во граници. Или поточно, токму во тоа се состои неговата специфичност - во таа дијалектика која бега на секоја дефиниција. Рускиот дух е сиот противречен, дијалектичен. Во руската мисла вријат противречностите, кои час се надминуваат и укинуваат во некоја повисока синтеза, час повторно во самата таа синтеза, повторно зоврива нова противречност...и сé така до недоглед. Во секој случај, ова го чини рускиот народ, народ на трагедијата. Затоа Берџаев ќе рече дека по многу што е сличен на еврејскиот. Неговата судбина навистина е трагична, но тие тоа го прифаќаат како судбина, како Божја промисла за нивната историска улога. И тоа го живеат исто така противречно - го промислуваат достоинствено, но и го доживуваат трагично. “Рускиот народ е – вели Берџаев – „повеќе од сé, народ на крајности. Може да нé восхити и разочара, од него секогаш можеме да се надеваме на неочекуваното. Тој е повеќе од било кој народ во состојба да разбуди голема љубов, но и голема омраза“. Во една реченица би можело да се каже – рускиот народ е растргнат од противречности и копнее по синтеза. Но во оној момент кога ќе ја досегне - што заради апокалиптичноста (што е уште една руска црта), што заради нужноста на дијалектичкиот закон – таа синтеза повторно се разјадува и распаѓа. И повторно нов копнеж, нова желба за еднинство. Чиста дијалектика. Рускиот народ е заробеник на дијалектиката. A eдинството или поточно „сеединството“ е вечниот рускиот немир. Но што да се прави – amor fati. Во својата статија Специфичне одлике руске философије, авторот, Борис Петриђ, вели: „Кога ќе се каже Русија, веќе многу се кажало“. Но може и да се каже – ништо не се кажало. Оти тој “народ на крајности“, народ на тези и антитези, тој народ одбива да биде разбран и одреден. Дури и од самиот себе си. Тоа подолу во штотуку споменатиот текст Б. Петриђ, го потврдува со зборовите: „Што е Русија? Тоа долго не го знаеле ниту самите Руси, чија бурна историја доволно говори за ова тврдење“. Руската историја навистина е бурна и полна со пресврти. Тоа во секој случај има голема улога во детерминирањето на менталитетот и духовниот тип на овој народ. Затоа, би било соодведно за нашиот преглед накратко да ги проследиме тие историски околности низ кои се профилирала руската мисла.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Philosophy, ethics and religion
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Trajce Stojanov
Date Deposited: 05 Sep 2013 10:00
Last Modified: 05 Sep 2013 10:00
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/1930

Actions (login required)

View Item View Item