Средствата за масовна комуникација и слободното време на децата и младите

Sivevska, Despina (2017) Средствата за масовна комуникација и слободното време на децата и младите. In: Научно- стручна конференција „Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија“, 2016, Stip, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Sivevska Sredstva za masovna komunikacija.pdf

Download (1264Kb) | Preview

Abstract

Слободното време е актуелна тема во секојдневниот живот на секој човек. Квалитетот и начинот на кој се поминува слободното време е феномен кој постојано се истражува. Содржините и активностите со кои е исполнето слободното време на децата и младите се важен аспект кој придонесува на формирањето на нивниот идентитет и квалитетот на живот во иднина. Како и на кој начин младите го исполнуваат своето слободно време е важен проблем на денешното општество, при што мораме да бидеме многу внимателни кога се во прашање потребите и можностите на младиот човек за негово исполнување. Бројни се факторите кои влијаат врз начинот на кој младите ќе го организираат и исполнат своето слободно време. Средствата за масовна комуникација се еден од факторите кои влијаат на начинот на кој младите го исполнуваат своето слободно време. Сѐ поголем дел од децата и младите денес се зависни од виртуелниот свет, што со себе може да донесе и последици врз менталното здравје.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Uncontrolled Keywords: слободно време, медиуми, масовна култура, пасивност
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Despina Sivevska
Date Deposited: 14 Feb 2018 12:17
Last Modified: 14 Feb 2018 12:17
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18825

Actions (login required)

View Item View Item