Прва самостојна аматерска изложба - Бакнато време

Mitreva, Elizabeta (2017) Прва самостојна аматерска изложба - Бакнато време. [Show/Exhibition]

[img]
Preview
Text
za pecatenje - KATALOG-1.pdf

Download (7Mb) | Preview

Abstract

Сакам да ја отворам мојата младост. Сакам да ги исполнам сите реки што се движат по Божји патеки, да секоја капка од сите води во светот ја сторам една целина со единствен одблесок од вратено Сонце што вечно грее од небо, за да се врати со двоен отсјај од големата вода како двојно огревање. Мојата младост е поминато време на ридот од Велес од каде што погледот не застанува во стројните и збиени куќи туку заминува над ридовите не запирајќи ни во јаве, ни во сон. Долгите ноќи не успеаја да ги заспијат моите погледи што неуморно денот и ноќта ги зближува за да го почувствуваат бакнежот на ноќта со денот пред доаѓање, и по заминување. Сонувајќи за бакнежите на денот со ноќта тивко поминуваше мојата младост. Мојата чистина е искра на Божја невиност што го чува моево тело како недопрен сон што треба еднаш да се сони за да заврши времето од недопрена љубов како жива вистина што остава траги во мојава душа како време што поминува. Колку што мојава душа го осознаваше светот, до толку јас станував многу поразлична, со сосема други мисли, и други погледи многу поразлични од околината. Мечтаев во отворени мисли дека секој нареден ден ќе стане ново откровение каде што јас ќе можам да раскажам за моите тажни но и среќни денови. Живото време сплетено во жива судбина од мене побара мигови каде што јас ќе можам да се справам во материјалниот свет што претставува единствена можност за опстанок. Животот од мене побара да отворам манастирски капии за да можам внатре да се скријам. Моето отворање и затворање на Манастирските капии ќе премине како време каде што јас ќе посакам да ја дарам мојата душа. Мојата исконска мечта за наоѓање на сродна душа ќе остане вечна потрага каде што вредностите на сродната душа секогаш ќе бидат многу далеку и многу поразлични од вредностите што ги поседува мојава душа. Но еднаш различностите се споија и ми подарија пород што е моја единствена ѕвезда за која што ќе се борам во бесконечноста за која живеам. Мојата родена ѕвезда е мојот син кој ги согледа сите мои тајни, способности, мечти за да застане до мене на патот што заедно го минуваме. Бог секогаш дарува покрај судбината, и дарба со која дарба животот го оставаме вечно да живее по нас или оставаме на мигот на заборав со затворање на нашето време веднаш после нашето заминување. Моите мечти и склоности ќе ги осознаам во подоцнежно време. Љубовта кон цртежот е моја внатрешност што излегува како врело од непресушен извор. Мојата душа, со саканите и среќни мигови, како и душата со тажните и солзни денови постепено ќе ги пресликам на платно за да се овековечам како личност и како светлина што зрачи преку моите очи на платното. Неисцрпното богатство што тлее во мене го пренесувам исто како што се пренесуваат сликите од Господ на икони. Раѓањето на првата моја слика ќе ја разгори страста во мене. Преку мојата слика ми се исполнува времето. Моето исполнение е неисцрпно богатство каде што не исцрпната моја душа ја дарувам на сите очи кои можат да ја видат мојата внатрешност. Колку ме усреќува цртањето се гледа во мене како личност што не старее. Моето време застанува сé додека јас не го исполнам мојот сон. Токму во мојот сон ќе се огледам некаде високо во највозвишените врвови како недопрен цвет полн со недопрена љубов и недопрено време. Овој цвет ме отвори мене како уметник што знае да ја подели радоста со отворените пупки од најчистите и најубави цветови. Дали јас сум среќна во мојов живот е моја неоткриена вистина. Спознавањето со самата со себе и спознавањето на мојата душа е не откриен миг до кој никогаш нема да стигнам ниту да се откријам во целина на моето постоење. Секогаш самата за себе ќе бидам неоткриена вистина што долго на моите платна ќе ја пренесувам за вечноста некогаш да ја согледа мојата надворешна но и внатрешна вистина. Спознавањето на душите околу мене е моја мистична возвишеност каде што јас доминирам како личност што знам со секого во мигот на двојност да добијам видовитост и да ги откријам луѓето во целина. Токму способноста да ѕирнам во туѓите души ќе ме заштити мене како личност и ќе ми овозможи да стигнам до највисоките образованија што се посебен Божји дар. Како да се справам со самотијата? Како да ги исполнам посаканите мечти? Како да најдам љубов што ќе ја чува мојата душа и мисла од непредвидливото време што како тркало ги собира нашите времиња што нечујно доаѓаат, но и нечујно си заминуваат? Господ е тој што може да дава, но и да зема. Од една страна ми го дари се она кое ми е предизвик. А пак од друга страна ја скри мојата исконска желба за да најдам неизмерна љубов, но и да живеам со таа љубов. Преку моите слики ќе ја насликам вистината за мојот поделен свет. Преку моите слики ќе ја доловам мојата тага и самотија. Преку моите слики ќе ја подарам на светот целата моја скриена вистина што за мене е вечен сон што знае светлината да ја зачува, но и да ја ползува преку сопствените очи. Мојот живот е мистична приказна што ретко може да се чуе. Приказната поседува незавршено време што може да се огледа на мојата прва изложба со мои сликани платна. Вечно треба да се гледа во насликаното време за да се исполни душата на безброј посетители што ќе се насладуваат од убавината. Таков е мојот живот. Живот со присакувана тага. Живот со присакувана среќа. Над се и пред се, се издига мојата вистина која е Божја светлина што ме носи по празните платна, за од нив да воскреснам љубов, тага и среќа. Авторот, Елизабета Митрева

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Social Sciences > Media and communications
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 14 Dec 2017 10:24
Last Modified: 14 Dec 2017 10:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18685

Actions (login required)

View Item View Item