Материовигиланца - следење на несакани дејства на медицинските средства

Angelovska, Bistra (2017) Материовигиланца - следење на несакани дејства на медицинските средства. In: Неправилности, грешки и пропусти и нивното санирање при стоматолошките интервенции, 11 Nov 2017, Stip, Macedonia. (Unpublished)

[img]
Preview
Text
materiovigilanca.pdf

Download (3320Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
simpozium.pdf

Download (470Kb) | Preview

Abstract

Медицинските средства опфаќаат голем број на производи од најсовршени -компјутерски уреди кои се применуваат за медицински цели (пр.машини за хемодијализа), па се до најобични (пр.гази,тампони, шприцеви и.т.н.) Заради големиот број на медицински средства, нивниот сосема различен изглед и цели, оваа област не е лесно да се регулира. Проблеми се јавуваат во производството на самите медицински средства, како и во нивната контрола. Материовигиланца е систем кој се применува за откривање, собирање, следење, процена и обезбедување на соодветност на новите податоци за безбедноста на медицинското средство поврзано со можните инциденти од употребата. Сите податоци за несаканите реакции се запишуваат, пријавуваат, собираат и проценуваат. Несаканите реакции ги пријавуват здравствените работници и медицинските установи. Известувањето за несаканите реакции од медицински средства, односно сомневањето за несаканата реакција на медицински средства, од страна на здравствените установи и здравствените работници се врши со доставување на пријава за несакани реакции на медицински средства до Агенцијата за лекови и медицински средства. Хармонизацијата во регулаторните системи на Република Македонија со останатите земји членки на GHTF е на виско ниво, а спроведувањето на материовигиланцата од страна на здравствените работници и надлежните органи допринесува за подобрување на безбедноста и ефикасноста на медицинските средства на пазарот на Република Македонија.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 12 Dec 2017 10:37
Last Modified: 12 Dec 2017 10:37
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18581

Actions (login required)

View Item View Item