Влијанието на менаџмент контролата врз успешноста на работењето на компаниите (со посебен осврт на текстилната дејност во Штип)

Ancevska, Kristina (2017) Влијанието на менаџмент контролата врз успешноста на работењето на компаниите (со посебен осврт на текстилната дејност во Штип). Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[img]
Preview
Text
Магистерски труд (lektoriran) -Кристина Анчевска 208406.pdf

Download (1862Kb) | Preview

Abstract

Контролата претставува процес кој е насочен кон проверка во сите сфери на работните активности, споредување на остварените резултати со поставените стандарди, утврдување на разликите меѓу нив, како и преземање на потребните корективни акции за отстранување на отстапувањата. Таа е секојдневна активност, како на субјектите на менаџментот, така и на специјализираните организациски единици или индивидуални професионални личности. Во основа контролата треба да претставува клучна детерминанта за успехот во целокупното работење, затоа е потребно процесот на контрола да биде дефиниран со поставувањето на целите кон кои се стреми компанијата. Во тој поглед умереноста треба да биде главна карактеристика на системот на контрола и истиот да претставува мотивирачки поттик на сите менаџери и вработени, кој реално ќе укажува како на позитивните активности и резултати, така и на евентуалните грешки при работните активности, однесувањата и резултатите на работењето. Во трудот се направени теоретски и емпириски истражувања, обработка на добиените одговори на испитаниците, нивна пресметка според Х2 - тестот и коефициентот на контингенција, и истите се прикажани табеларно и графички. Клучни зборови: процес, проверка, стандарди, однесување, резултати, укажување

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 09 Nov 2017 12:28
Last Modified: 09 Nov 2017 12:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/18529

Actions (login required)

View Item View Item