Тиол/дисулфиден статус и оксидирани липопротеини кај испитаници со висок атероген ризик и пациенти со градна болка од исхемична природа

Ruskovska, Tatjana and Milev, Mishko and Tuseva, Ivana (2017) Тиол/дисулфиден статус и оксидирани липопротеини кај испитаници со висок атероген ризик и пациенти со градна болка од исхемична природа. [Project] (Unpublished)

[img]
Preview
Text
Studentski proekt-pages-1-7,24.pdf

Download (867Kb) | Preview
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/tatjanaruskovska/proekti

Abstract

Атеросклерозата е најчеста причина за кардиоваскуларните заболувања, а нарушениот редокс баланс се поврзува со најголемиот дел од факторите на ризик за нејзина рана појава и напредување. Меѓутоа, концептот на „лекување“ на оксидативниот стрес со редокс активни компоненти (антиоксидантни витамини и суплементи) се напушта и современата наука се фокусира на изучување на сигналната функција на слободните радикали и на механизмите на ендогена антиоксидантна заштита. Тиолните групи претставуваат значајна компонента на ендогената антиоксидантна заштита. Постојат докази дека нарушувањата на динамичната тиол/дисулфидна хомеостаза се инволвирани во патогенезата на различни заболувања, вклучувајќи ја и атеросклерозата. Во рамките на овој научно-истражувачки проект ќе ја истражиме поврзаноста меѓу оксидираните липопротеини и тиол/дисулфидниот статус кај испитаници со висок атероген ризик и пациенти со градна болка од исхемична природа. Добиените резултати ќе преставуваат основа за идни истражувања на механизмите за регулација на тиол/дисулфидната хомеостаза и последиците од нејзиното нарушување.

Item Type: Project
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tatjana Ruskovska
Date Deposited: 20 Jun 2017 14:06
Last Modified: 06 May 2019 11:52
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17934

Actions (login required)

View Item View Item