Рамка за меѓукултурните истражувања на говорните чинови

Kusevska, Marija (2016) Рамка за меѓукултурните истражувања на говорните чинови. Јазикот наш денешен, кн. 26. Зборник на трудови од научниот собир „Јазичната слика на светот“. pp. 119-128. ISSN 978-608-220-039-2

[img]
Preview
Text
Zbornik.pdf

Download (198Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Korubin-statija.pdf

Download (520Kb) | Preview

Abstract

Во овој труд поаѓаме од констатацијата на Остин (Austin 1962) дека говорните чинови му овозможуваат на говорителот да го искористи јазикот за остварување на некои свои цели, на пример да побара услуга, да даде комплимент, да се заблагодари, да се согласи или да не се согласи, и сл. Емпириските истражувања на говорните чинови се засноваат врз неколку аспекти, кон кои ќе се осврнеме и ние во ова излагање: - варијабилноста, т.е. еден говорен чин може да се оствари со употреба на различни јазични средства, во зависност од социопрагматичките услови (моќта на соговорниците, блискоста меѓу нив, сериозноста на ситуацијата, обемот на наметнувањето, родовата припадност и сл.); - комуникациските принципи според кои говорителите ги избираат стратегиите за реализација на говорните чинови; - културната припадност на соговорниците, од што зависат очекувањата на соговорниците при реализацијата на говорните чинови и нивната интерпретација, како и изборот на јазичните средства за нивно обликување. Посебно ќе се осврнеме и на контрастивните истражувања на говорните чинови во македонскиот и во англискиот јазик. Клучни зборови: говорни чинови, социопрагматика, принципи на комуникација, меѓукултурна прагматика

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Marija Kusevska
Date Deposited: 19 Jun 2017 14:01
Last Modified: 19 Jun 2017 14:01
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17900

Actions (login required)

View Item View Item