Неправилна исхрана како фактор за појава на разни заболувања кај школските деца

Panova, Gordana and Dzidrova, Violeta and Sumanov, Gorgi and Gorgieva, Biserka (2017) Неправилна исхрана како фактор за појава на разни заболувања кај школските деца. Knowledge - International Journal, Scientific and Applicative Papers, 17 (3). pp. 1183-1189. ISSN 1857-923X / 2545-4439

[img]
Preview
Text
Gordana_Trud 1 (1).pdf

Download (1417Kb) | Preview

Abstract

Навиките и исхраната кај повеќе од децата имаат клучна улога за менталното и физичкото здравје. Затоа, за да им го сочуваме физичкото и менталното здравје, треба да бидеме многу внимателни и да се информираме во врска со производите што ги користиме за нивната исхрана.Непримерениот избор на прехранбени продукти и нередовната исхрана можат да предизвикаат намалена отпорност на организмот. Добрата мешовита исхрана содржи месо, јајца, риба, сирење, млеко, свежо овошје и зеленчук. Комбинацијата од тие продукти е важна за здравјето бидејќи содржи многу нутритиенти кои се потребни за правилен раст и развој.Најважниот оброк е појадокот. Овој оброк е многу важен за децата кои одат на училиште бидејќи ги подобрува когнитивните функции, па заради тоа децата во тоа време подобро и побрзо учат.Слабата исхрана значи слабо здравје. Често и самите им го расипуваме и нарушуваме здравјето на своите деца сервирајќи им храна што е лесно се приготвува или се купува готова.Со ваквата исхрана внесуваме недоволно или воопшто не внесуваме материи што се важни за виталните функции на нашиот организам и мозок.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Gordana Panova
Date Deposited: 12 Jun 2017 09:34
Last Modified: 12 Jun 2017 09:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17874

Actions (login required)

View Item View Item