Фармацевтска ботаника

Cvetanovska, Lenka and Maksimova, Viktorija and Klincarska Jovanovska, Ivana and Cevtanovska, Ana (2015) Фармацевтска ботаника. ISBN 978-608-244-264-8.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/496

Abstract

Уште од најстари времиња луѓето ги користеле растенијата во медицински цели. Основен предуслов за нивно правилно користење во фармацевтски цели е нивно правилно детерминирање и докажување. Овoj практикум претставува прв практикум од облaста на фармацевтската ботаника издаден при Универзитетот „Гоце Делчев“ во кој се опфатени карактеристичните маркери за макроскопска и микроскопска идентификација на лековитите растенија, кои поради својот специфичен хемиски состав имаат посебно значење во фармацијата. Целта на овој практикум е студентите да се здобијат со практични знаења со кои би можеле да ги препозанаваат и докажуваат најпознатите лековити растенија, кои се користат понатаму за изработка на хербални екстракти, хербални препарати, козметички препарати и помошни медицински средства. Практикумот пред се, е наменент за студентите на Факултетот за медицински науки при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип, а неговата содржината кореспондира со прифатената наставна програма наменета за студентите по фармација. Освен тоа студентите преку овој курс треба да се стекнат и со знаења за факторите кои влијаат врз растот и развојот на растенијата, како и врз нивната синтеза на секундарните метаболити. Поглавјата се елаборирани системски, децидно и прегледно што е основен предуслов студентите да можат лесно да ја следат, воспримат и разберат суштината на предочената содржина од областа на растителната цитологија, хистологија и анатомија, како и систематика на растителните видови, особено оние кои содржат хемиски компоненти со способност да предизвикаат фармаколошки ефект кај човекот.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Biological sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Viktorija Maksimova
Date Deposited: 15 Feb 2017 13:28
Last Modified: 15 Feb 2017 13:28
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17407

Actions (login required)

View Item View Item