ОСТЕН Биенале на цртеж

Efremov, Jordan (2016) ОСТЕН Биенале на цртеж. [Show/Exhibition]

[img]
Preview
Text
Jordan EFREMOV - Macedonia.pdf

Download (620Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
OBD-2016_CATALOG_web111.pdf

Download (4028Kb) | Preview
Official URL: http://www.osten.mk/osten-bienale-na-crtezh-kopje-...

Abstract

ОСТЕН – уметност на хартија наоѓа голем поттик во 40-годишната традиција на Светската галерија на карикатури и има цел да ги презентира делата на уметниците преку карикатурата, сатиричниот цртеж, стрипот. Светската галерија на цртеж, претставува прирoдно проширување на активностите на ОСТЕН, со тоа што е посветена на негувањето на цртежот и графиката. Светската галерија на цртеж е единствена манифестација од таков вид во Македонија која ги следи современите текови во областа на визуелните уметности и која брзо се развива и се збогатува со нови содржини во уметноста на хартија. Замислена е како биенална манифестација, односно „рдовната“ Светска галерија на цртеж се одржува на секои две години, додека во годините помеѓу две Светски галерии на цртеж (исто така биенално) - се организира Светска галерија на цртеж на наградени автори. Како дел од наградата Златен ОСТЕН, која се доделува на секоја Светска галерија на цртеж, предвиден е престој на уметниците добитници на оваа награда во Македонија. Делата кои се продуцираат за време на престојот на уметниците во Македонија во рамките на програмата за престој ЗЛАТЕН ОСТЕН, како и делата од авторите на секое издание на Светската галерија на цртеж се дел од колекцијата на Музејот на цртеж. ОСТЕН Музејот на цртеж е еден од најновите и можеби најамбициозните проекти на ОСТЕН – уметност на хартија. Сметаме дека токму со нашата посветеност за цртежот и негувањето на нешто толку основно, базично и суштинско, најмногу допринесуваме за развој на уметноста.

Item Type: Show/Exhibition
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Jordan Efremov
Date Deposited: 20 Feb 2017 09:53
Last Modified: 20 Feb 2017 09:53
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/17309

Actions (login required)

View Item View Item