Биоактивни феноли и антиоксидантна активност на македонски црвени вина

Ivanova, Violeta (2016) Биоактивни феноли и антиоксидантна активност на македонски црвени вина. In: Влијание на умерената консумација на вино врз здравјето – истражувања и докази, 19 May 2016, Skopje, Macedonia.

[img]
Preview
Text
Tikves VIP.pdf

Download (1498Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Ivanova-Petropulos-Prezentacija-Tikves.pdf

Download (1215Kb) | Preview

Abstract

Црвеното вино е богат извор на биоактивни и нутритивни фенолни соединенија коишто имаат антиоксидантно дејство, висока активност против слободни радикали, заштитна улога при артериосклероза и коронарна срцева болест, како и инхибирачко дејство на растот на канцерогените клетки. Во ова истражување детално е определен квантитативниот состав на фенолните соединенија, како и антиоксидантната активност на вина од сортите Вранец, Мерло и Каберне Совињон произведени во винарската визба Тиквеш, Кавадарци. За таа цел беше применета софистицираната техника високо-ефикасна течна хроматографија поврзана со електроспреј масен дектор (HPLC-DAD–ESI-MS and MS/MS) за определување на индивидуалните нутритивни феноли во црвените вина. Утврден е комплексен фенолен профил на сите вина составен од антоцијани, витисини, хидроксифенил-пираноантоцијани, флавоноли, деривати на хидроксициметни киселини, флаван-3-оли и стилбени. Сите анализирани вина беа богати со полифеноли, а вината од сортата Вранец содржеа највисока содржина на сите групи на феноли, особено антоцијани коишто ги прават вината интензивно обоени и стабилни, погодни за производство на висококвалитетни црвени вина [1]. Вината од сортите Каберне Совињон и Мерло се карактеризиира со висока содржина на флавоноли и флаван-3-оли, кои исто така допринесуваат за стабилност на вината. Сите анализирани вина покажаа висока антиоксидантна активност во граници од 10,3 до 13,3 mM/L TE (еквиваленти на тролокс), што потврдува дека вината поседуваат позитивни ефекти за човековото здравје. Исто така, резултатите покажаа дека содржината на фенолите зависи од сортата, климатските услови, технологиите на производство и условите на чување на вината.

Item Type: Conference or Workshop Item (Speech)
Subjects: Natural sciences > Chemical sciences
Agricultural Sciences > Other agricultural sciences
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Violeta Ivanova Petropulos
Date Deposited: 27 Oct 2016 10:21
Last Modified: 27 Oct 2016 10:21
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16544

Actions (login required)

View Item View Item