Кинезитерапија при функционални нарушувања на сакроилиачните зглобови

Krstev, Toshe and Nikolovska, Lence and Vasileva, Dance and Stratorska, Tamara and Kolevska, Monika (2016) Кинезитерапија при функционални нарушувања на сакроилиачните зглобови. In: Втор Конгрес на физиотерапевти на Република Македонија, 16-18 Sept 2016, Struga, Macedonia.

[img]
Preview
Slideshow (pdf prezentacija)
struga.pdf - Presentation

Download (3789Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Prezentacija Toshe Krstev.pdf

Download (2224Kb) | Preview

Abstract

Вовед. Функционалните нарушувања со моторен дефицит во сакроилиачните зглобови се карактеризираат со локална и/или ирадирачка болка, како и соодветни рефлекторни реакции од страна на различни зглобови на рбетниот столб. Тие можат да предизвикаат појава на сколиоза, зглобни блокади и други клинички синдроми. Цел. Целта на ова истражување беше да се создадат и оценат две кинезитерапевтски методики кај пациенти со дисфункција на сакроилиачните зглобови и болка во лумбосакралната област, едната од кои во комбинација со мануелно мобилизациски техники, а другата за самостојна примена во домашни услови. Материјал и методи. Истражувањето се спроведе во периодот од март 2009 година до октомври 2014 година. Во него беа вклучени 94 пациенти (48 мажи и 46 жени) со лумбосакрална болка како последица на дисфункција во сакроилиачните зглобови. Пациентите поминаа курс по кинезитерапија во траење од 15 дена и во кој беа вклучени 10 терапевтски процедури. Пациентите беа поделени во три групи во зависност од применетите терапевтски средства. Група А (n=30) - класична масажа и аналитички вежби на стабилна површина, Група Б (n=41) - мобилизирачка и манипулативна масажа (според Териер), зглобна мобилизација (техниката на Стодарт со вкрстени раце, Вентро - каудално лизгање, вентрализација на сакрумот, дорзално лизгање на илиумот) и вежби на фитнес топка и Група В (n=23) - вежби на стабилна површина и вежби и средства за автомобилизација. За оценка на ефективноста на применетата терапевтска програма направивме мерења за оценка на: зглобната функција, болката, мускулната сила и издржливост како и општата здравствена состојба. Резултати. Забележавме подобрување во вредностите на сите измерени параметри кај сите групи. Најдобри резултати со статистичка разлика се забележа кај експерименталната Група Б по неа кај група В, а најмала разлика кај контролната Група А.  Заклучок. Примената на мануелно мобилизациски техники како за обработка на меките ткива така и за зглобна мобилизација, доведува до побрзо намалување на болката и создавање на услови нормализирање на мускулната сила и издржливост. За превенција на рецидивите, кинезитерапевтската програма е потребно да биде надополнета со мерки за автомобилизација како и совети за правилно исполнување на секојдневните активности. Референци: сакроилиачна болка, мануелна мобилизација, фитнес топка, масажа

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Tose Krstev
Date Deposited: 27 Sep 2016 09:16
Last Modified: 27 Sep 2016 09:16
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16302

Actions (login required)

View Item View Item