Ефект на кинезитерапијата врз функционалните можности за моторна рековалесценција кај пациенти со супратенториален едностранен мозочен инсулт во хроничен период

Vasileva, Dance and Lubenova, Daniela and Nikolovska, Lence and Krstev, Toshe and Stratorska, Tamara (2016) Ефект на кинезитерапијата врз функционалните можности за моторна рековалесценција кај пациенти со супратенториален едностранен мозочен инсулт во хроничен период. In: Втор Конгрес на физиотерапевти на Република Македонија, 16-18 Sept 2016, Struga, Macedonia.

[img]
Preview
Other (Book of abstracts)
za ugd.repozitorium.vtor.kongres.ft.struga.PDF

Download (467Kb) | Preview
[img]
Preview
Text (Abstract)
Vasileva D, et al.Second-Congres-of-PT.RM-Macedonian.1.pdf

Download (243Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
Vasileva-et-al.-Second-Congres-MKD11.pdf

Download (4Mb) | Preview

Abstract

Резиме Целта на истражувањето е да се проследи влијанието на специјализираната кинезитерапевтска метода (СКТМ) врз функционалните можности за моторна рековалесценција кај пациенти со супратенториален едностранен мозочен инсулт во хроничен период (СЕМИХП). Материјaл и методи Истражувањето е спроведено со 67 пациенти со СЕМИХП (56 болни вклучени во експериментална група – 32 мажи и 24 жени, со продолжителност на заболување 7.8±2.0 месеци, и 11 болни во контролна група – 9 мажи и 2 жени, со продолжителност на заболување 7.3±1.5 месеци). За оценување на функционалните можности за моторна рековалесценција се користи модифицирана скала на Chedoke-McMaster, скала на Ashworth и тест за функционална независност - Functional Independence Measure - FIM. Стадиумот на моторна рековалесценција и нивото на функционална независност се оценети на почетокот на истражувањето, на 10-от ден и 1-от месец по почетокот на КT кај двете групи. Пациентите од експерименталната група се лекувани со специјализирана 10-дневна КTМ, која што подоцна продолжува да се исполнува како адаптирана програма од вежби во домашни услови за период од 1 месец. Резултати По применетата СКTМ највисока тенденција кон подобрување на моторното возобновување и функционалната независност се утврди на 1-от месец, со ниво на значајност во текот на лекувањето, p<0.000 и ниво на значајност на промената меѓу двете групи P<0.001. Заклучок Применетата специјализирана кинезитерапевтска метода кај експерименталната група, продолжена подоцна како адаптирана програма од вежби во домашни услови, значајно ги подобрува функционалните можности за моторно возобновување кај пациенти со супратенториален едностранен мозочен инсулт во хроничен период во споредба со обичната кинезитерапевтска метода применета кај контролната група.

Item Type: Conference or Workshop Item (Lecture)
Uncontrolled Keywords: Кинезитерапија, Моторна рековалесценција, Функционални можности, Супратенториален едностранен мозочен инсулт, Хроничен период
Subjects: Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Dance Vasileva
Date Deposited: 23 Sep 2016 07:54
Last Modified: 23 Sep 2016 07:54
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16283

Actions (login required)

View Item View Item