Меѓународна економија - меѓународни финансии и трговија - практикум

Paceskoski, Vlatko (2016) Меѓународна економија - меѓународни финансии и трговија - практикум. ISBN 978-608-244-317-1.

Full text not available from this repository.
Official URL: http://e-lib.ugd.edu.mk/558

Abstract

Практикумот “Меѓународна економија-меѓународни финанси и трговија” пред се е наменет за студентите од насоката Меѓународна економија на економските факултети. Има за цел да помага на студентите при совладување на содржината за наставните дисциплини како: Глобализација, Меѓународни финансии, Меѓународна трговија, Меѓународен монетарен и трговски систем, Меѓународна економија и други. Исто така, практикумот е корисен и за научните работници за нивни продлабочени истражувања на одделни сегменти од меѓународната економија. Егзистирањето и функционирањето на меѓународните економски односи на принципите на работа и ефектите од постојниот меѓународен монетарен и трговски систем фундирани на основа на проширената репродукција во светската економија. Во таа насока, значењето на темите што се обработуваат во трудот е објективно и корисно.Тргнувајќи оттука во практикумот се истражувани и дава одговор следниве тематски подрачја: - процесот на глобализација и регионализација во светската економија; - теоретскте концепции за меѓународната трговија; - инструменти, мерки и регулатива на меѓународната трговија; - регионални интеграции; - основните обележја на современите текови во меѓународната економија; - улогата и значењето на меѓународното движење на капиталот во светската економија; - меѓународни трговски и финансиски институции; - девизен пазар; - девизни курсеви; - меѓународен пазар на капитал; - биланс на плаќање. Всушност меѓународните економски односи и текови во светското стопанство пробудуваат голем интерес како во економската теорија исто така и во современата практика. До таквиот интерес се доаѓа поради фактот што состојбите, тековите и предизвиците од меѓународните економски односи имаат големо непосредно значење и влијание врз: човекот како индивидуа; стопанските субјекти; националните стопанства и светската економија. Предмет на истражување на трудот е конкретната економска активност на меѓународните економски односи , се со цел изнаоѓање на законитостите и принципите на нивно функционирање и развиток. Притоа основна задача е проучување и анализирање на односите помеѓу резултатите и ефектите од овие односи врз националните стопанства како основен субјект во меѓународните економски текови. во процесот на светската репродукција. Секако секој труд што претендира совесно и одговорно да ги остварува процесите и проблемите на егзистирање и функционирање на меѓународните економски однос преставува придонес за развојот на економската мисла.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Social Sciences > Other social sciences
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Vlatko Paceskoski
Date Deposited: 28 Nov 2016 11:05
Last Modified: 28 Nov 2016 11:05
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/16280

Actions (login required)

View Item View Item