Пушењето и здравјето

Angelovska, Bistra (2016) Пушењето и здравјето. Ваш аптекар (9). pp. 9-10. ISSN 1857-971X

[img]
Preview
Text
pusenje1.pdf

Download (394Kb) | Preview
Official URL: http://vasaptekar.mk/files/9_MK.pdf

Abstract

Пушењето е главен ризик фактор за срцеви заболувања! Никотинот и другите слични алкалоиди влијаат на психоактивната состојба и заедно со катранот (остаток кој содржи смола и други пропратни соединенија) имаат негативни здравствени последици. Тие последици вклучуваат рак на белите дробови, рак на грлото и рак на устата, срцеви болести, удари, емфисема, хроничен бронхитис и дегенерација на кожата. Повеќето луѓе го поврзуваат пушењето цигари со проблемите во дишните органи и појавата на рак на белите дробови. Истражувањата покажуваат дека пушењето цигари е одговорно за околу една петтина од сите смртни случаи предизвикани од срцеви болести. Пушачите имаат два до четири пати поголем ризик од болести на кардиоваскуларниот систем и околу 70 проценти повисок ризик од смртност како последица на болестите на кардиоваскуларниот систем во споредба со непушачите.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 07 Jul 2016 10:19
Last Modified: 07 Jul 2016 10:19
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15957

Actions (login required)

View Item View Item