Стручната подготвеност на наставниците за реализација на наставата по религиското образование во Република Македонија

Koceva, Daniela and Petrovski, Vlado and Mirascieva, Snezana (2015) Стручната подготвеност на наставниците за реализација на наставата по религиското образование во Република Македонија. Зборник на трудови од научно-стручна трибина „Наставникот - некогаш, денес, утре”. pp. 95-99. ISSN 978-608-244-116-0

[img]
Preview
Text
DVS.pdf

Download (755Kb) | Preview

Abstract

Во последните неколку години често сме доведени во ситуација да полемизираме и дебатираме за позицијата, улогата и функционирањето на религиското образование во училиштата во Република Македонија. Дилемите околу воведувањето на религиското образование во Република Македонија се сѐ уште актуелни и неисцрпна тема околу која се вжештуваат сите општествени структури, поаѓајќи од социолозите, теолозите, политичарите, родителите, наставниците. Единствени земји во кои не се реализира веронауката како посебен училишен предмет во државните училишта се: Франција, Црна Гора, Албанија и Македонија. Европските држави кои имаат некаков вид веронаука во училиштата, се соочуваат со пораст на плурализмот во верувањата, вредностите и начинот на живеење. Постоењето на веронауката во образованието во државните училишта, секоја земја го регулира во согласност со карактеристиките на нејзината владина, политичка, социјална структура и принципи, како и со традицијата, културата, демографските услови и карактеристиките на образовниот систем. Сепак, реализацијата на религиското образование како нешто ново во училиштата, воопшто, претставува предизвик за нашиот воспитно-образовен систем, за нашата младина, за нашата Црква, за нашето општество. Клучни зборови: образовен систем, религиско образование, предизвик, различност, соработка.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Social Sciences > Sociology
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Daniela Koceva
Date Deposited: 20 Jan 2016 15:34
Last Modified: 20 Jan 2016 15:34
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14829

Actions (login required)

View Item View Item