Влијанието на квалитетното финансиско известување и корпоративно управување врз ефикасноста на инвестициите и пазарот на капитал во РМ.

Nikoloski, Krume and Gorgieva-Trajkovska, Olivera and Lazarov, Darko and Dimitrova, Janka and Miteva-Kacarski, Emilija and Georgieva Svrtinov, Vesna and Koleva, Blagica (2015) Влијанието на квалитетното финансиско известување и корпоративно управување врз ефикасноста на инвестициите и пазарот на капитал во РМ. [Project]

[img]
Preview
Text
Влијанието на квалитетното финансиско известување и корпоративно управување врз ефикасноста на инвестициите и пазарот на капитал во РМ.pdf - Published Version

Download (951Kb) | Preview
Official URL: http://scholar.ugd.edu.mk/krumenikoloski/proekti

Abstract

Развиеноста на пазарот на капитал и неговото ефикасно функционирање е детерминирана од довербата на инвеститорите во квалитетот на финансиското известување и корпоративното управување.Тргнувајќи од фактот дека информациите во финансиските извештаи се основа за инвестиционите одлуки на сите стејкхолдери, истите треба да бидат ослободени од секакви пропусти, пристрасности и манипулации. Токму ваквите информации, преку кои во периодот на транзиција се настојуваше да се презентира една многу пооптимистичка слика за работењето на компаниите во однос на нивната реална финансиска состојба и успешност, претставуваа и сеуште претставуваат сериозна пречка во градењето на довербата на инвеститорите во финансиското извествање на компаниите, а како логична последица и една од поважните причини за ниското ниво на развиеност на пазарот на капитал во Република Македонија. Финансиското известување ја остварува својата цел - креирање на веродостојни, транспарентни, објективни и споредливи финансиски извештаи, кои содржат информации релевантни за донесување на ефикасни инвестициски одлуки, само во услови на добро балансиран, функционален систем на корпоративно управување. Всушност, корпоративното управување претставува процес на водење, администрирање и насочување на работењето на компанијата, преку ефикасно искористување на расположивите ресурси за остварување на дефинираните цели. Фактот што пазарот на капитал во Република Македонија е доста неразвиен, а довербата на инвеститорите на ниско ниво, претставува мотив повеќе да го истражиме и анализираме значењето на квалитетното финансиско известување и корпоративно управување врз ефикасноста на алокацијата на ограничените ресурси и врз процесот на активно учество на македонските компании на пазарот на капитал. Во тој контекст, главна цел на проектот е емпириска анализа на врската и односите помеѓу квалитетот на финансиското известување и корпоративно управување и ефикасноста на инвестициските одлуки на македонските компании, преку нивно активно вклучување на пазарот на капитал. Таквата цел ќе биде постигната со користење на повеќе економетриски модели и техники (МНК и панел регресиона анализа). Најпрво, ќе биде креиран композитен индекс, кој ќе го квантифицира квалитетот на финансиското извествување, преку користење на анкетна анализа и користење на принципал фактор анализа.

Item Type: Project
Subjects: Social Sciences > Educational sciences
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Krume Nikoloski
Date Deposited: 25 Jan 2016 10:39
Last Modified: 25 Jan 2016 12:31
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14709

Actions (login required)

View Item View Item