Испитување на условите за биосинтеза на пектинолитички ензими со габата Aspergillus sp. MK-15 врз пресувана јаболкова пулпа

Mojsov, Kiro (1984) Испитување на условите за биосинтеза на пектинолитички ензими со габата Aspergillus sp. MK-15 врз пресувана јаболкова пулпа. Masters thesis, Univerzitet Sv. Kiril i Metodij, Tehnoloski fakultet Skopje.

[img] Text
Masters thesis, Kiro Mojsov.doc

Download (84Kb)

Abstract

Целта и задачите на оваа магистерска работа е изолирање на чиста култура на микроорганизам од родот Aspergillus кој е добар продуцент на пектинолитички ензими и проучување на условите за ефикасна биосинтеза при субмерзна ферментација, во лабораториски услови. Како индуктор на ензими и главен извор на јаглерод е користена пресувана јаболкова пулпа (остаток по пресување на јаболка). Во трудот е испитувано влијанието на концентрацијата на индукторот, влијанието на различни извори на азот, староста, количеството и видот на посевниот материјал, влијанието на различни додатоци на подлогата и на други фактори кои влијаат врз биосинтетската активност на габата. Од испитуваните неоргански извори на азот, најголемо влијание врз биосинтезата на ензими има (NH4)2HPO4, додека останатите покажаа далеку послаби резултати. Додатоците како пченкарно брашно и млечна сурутка мошне стимулативно делуваат врз биосинтезата. Додатоци како квасочен екстракт, пченкарен екстракт, екстракт од сладни клици и автолизат од мицелиум на A. niger се слаби стимулатори а некои од нив ја инхибираат ензимската синтеза. Со сите претходни испитувања се дојде до оптимален состав на хранливата подлога со пресувана јаболкова пулпа и останатите додатоци за максимална биосинтеза на пектинолитички ензими.

Item Type: Thesis (Masters)
Uncontrolled Keywords: габа Aspergillus sp. MK-15, пресувана јаболкова пилпа, оптимизација на хранливата подлога.
Subjects: Engineering and Technology > Industrial Biotechnology
Divisions: Faculty of Technology
Depositing User: Kiro Mojsov
Date Deposited: 10 Dec 2015 14:09
Last Modified: 10 Dec 2015 14:09
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14456

Actions (login required)

View Item View Item