Водич за органско производство на домат

Mihajlov, Ljupco (2007) Водич за органско производство на домат. Manual. Ministry of Agriculture Forestry and Water Economy of the Republic of Macedonia, Skopje, ISBN 978-9989-2799-6-6.

Warning
There is a more recent version of this item available.
[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_ljupco.mihajlov_Desktop_ТРУДОВИ ЗА НА РЕПОЗИТОРИУМ_Vodic za organsko proizvodstvo na domat.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_ljupco.mihajlov_Desktop_ТРУДОВИ ЗА НА РЕПОЗИТОРИУМ_Vodic za organsko proizvodstvo na domat.pdf - Published Version

Download (2MB) | Preview

Abstract

Прирачник за органско производство на домат.Упатството за работа е наменето за сите чинители кои учествуваат во
процесот на производство на домати.организирано според принципите на органското земјоделско производство. За советниците, претставува корисен извор на информации, а за земјоделците точни напатствија за тоа на што треба да посветат посебно внимание за да се стекнат со сертификат
за органски производ.Земјоделското производство кое се потпира на неупотреба на хемиски средства (од синтетичко потекло), или попознато како органско земјоделство ги вклучува сите техники на земјоделското производство кои применуваат начин на добивање здрава храна, истовремено зачувувајќи ја човековата околина. Како клуч за успешно производство, овие техники на производство своја потпора црпат од природната плодност на почвата. Преку разбирањето и почитувањето на природните можности на растенијата, животните и земјиштето, истото се стреми кон постигнување што е можно поголем квалитет, врз база на постојните услови.Органското земјоделско производство целосно го намалува влијанието на надворешните фактори врз човековата околина, преку не примена на ѓубрива, пестициди и средства за заштита на здравјето на животните добиени по хемиски пат. Наместо примената на вакви средства,органското земјоделско производство се потпира на природата и нејзините
особености, во зголемување на приносите и отпорноста кон болестите.Со други зборови, органското земјоделско производство се дефинира како севкупен производен систем, кој го промовира и унапредува здравиот агро-еколошки систем, вклучувајќи ги животинските разноликости, животните циклуси на растенијата и животните, почвената активност; става акцент на раководните способности на човекот над
употребата на средства кои немаат потекло од самите фарми; ги искористува/применува биолошките и механичките методи, наспроти синтетичките материјали.Доколку како производител се одлучите да произведувате по принципите на органско производство на домат, треба да бидете подготвени
да одговорите на две многу важни прашања:
- Дали имате услови за органско производство ?
- Каде ќе го пласирате своето производство? При преминување кон органско производство на домат треба да бидат задоволени определени барања од самиот производител, површините за производство и самата технологија на одгледување.Органското производство на домат од производителот бара да има посебен однос, стрпливост и познавања за оваа технологија на производство.
Односот кон органското производство значи дека производителот го осознал и се откажал од употребата на било какви вештачки ѓубрива и пестициди, поради нивното штетно влијание враз околината и потрошувачот.

Item Type: Monograph (Manual)
Subjects: Agricultural Sciences > Agricultural biotechnology
Divisions: Faculty of Agriculture
Depositing User: Ljupco Mihajlov
Date Deposited: 11 Nov 2015 10:23
Last Modified: 11 Nov 2015 10:23
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14205

Available Versions of this Item

Actions (login required)

View Item View Item