Фолклорните елементи во Суита бр.1, од балетот „Лабин и Дојрана“ на композиторот Трајко Прокопиев,СМЕ

Gavrilovski, Goce (2015) Фолклорните елементи во Суита бр.1, од балетот „Лабин и Дојрана“ на композиторот Трајко Прокопиев,СМЕ. Струшка музичка есен 2014, Музика и образование. ISSN ISBN 978-9989-801-15-0

[img]
Preview
Text
DOC015.pdf

Download (11Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
DOC016.pdf

Download (68Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
DOC019.pdf

Download (35Kb) | Preview
[img]
Preview
Text
GG 2.pdf

Download (883Kb) | Preview

Abstract

По повод одбележувањето на јубилејот 105- години од раѓањето на истакнатиот македонски композитор Трајко Прокопиев (1909-1979), темата за СМЕ-2014 год. гласи: „Фолклорните елементи во Суита бр.1, од балетот „Лабин и Дојрана“ на композиторот Трајко Прокопиев“. Композицијата Суита бр.1 од балетот „Лабин и Дојрана“ на композиторот Трајко Прокопиев претставува циклична форма и содржи 8 составни дела, кои се различни по карактер, темпо, оркестрација и други особености. Делото се базира врз обработка на народни теми преку стилизација на фолклорните елементи, каде одредени фолклорни теми се полесно препознатливи, некои составни мотиви наликуваат на оригинална народна песна, додека други само наговестуваат или содржат фолклорни идиоми. Во трудот ќе се издвојат покарактеристични места избрани од партитурата на делото, со објаснување за присутноста на фолклорните елементи и нивните особености изразени од аспект на: тембар, фактура, оркестрација, како и функција на употребените музичките инструменти дадени во примерите. Творештвото на композиторот Трајко Прокопиев воглавно е инспирирано и се базира врз фолклорната традиција, изразот на авторот содржи богатство на фолклорни елементи, кои во неговата музика се проткаени во оригинална или стилизирана форма. Во текот на трудот ќе се опфатат повеќе карактеристични примери во кои се присутни фолклорните мотивски елементи од партитурата на делото Суита бр. 1 од балетот „Лабин и Дојрана“, вклучително со местата каде има појава на: стилизирана, употреба на обработена, или цитирана фолклорна тема.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Art (arts, history of arts, performing arts, music)
Divisions: Faculty of Music Art
Depositing User: Goce Gavrilovski
Date Deposited: 21 Oct 2015 08:24
Last Modified: 21 Oct 2015 08:24
URI: http://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13930

Actions (login required)

View Item View Item